Македонија
Стојаноски до Бојмацалиев: Дали со законот за откуп на станови што го предлагате и вие ќе стекнете такво право
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/422840837_837995118339969_621164760891625081_n.jpg)
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, го праша дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, дали со законот за откуп на станови кој го предлага, и тој ќе се стекне со такво право и уште 30-ина лица.
Стојаноски вели дека Бојмацалиев наместо да работи и да размислува за решение на проблемот со пасошите или со организирање на фер и демократски избори, се занимава со Закон за кој што, како што вели, тој и свитата околу Оливер Спасовски има личен интерес.
„Ова е само уште еден Ваш очајнички обид во заминување со кој што покажувате дека примарна цел и приоритет Ви е лична корист, а не решавање на реалните проблеми на сите припадници на МВР.
Како и за многу работи досега, криејќи се зад чесните полициски службеници кои навистина заслужуваат да им биде решен статусот е вашиот личен интерес и интересот на малкумина на кои изминатите години лично Спасовски како министер без никаков услов им доделил службени станови.
Господине Бојмацалиев, неколку прашања до Вас на кои се надевам дека ќе имате доблест да одговорите:
Во МВР има 12.000 вработени. Со Вашиот Предлог на Закон ќе се решат околу 30-мина од нив.
– Може ли да ги објавите имињата на тие кои со овој Закон ќе добијат можност да ги откупат становите?
– Колкумина од овие ‘’повластени добитници’’ се полициски функционери кои извршувале високи полициски функции во времето на Оливер Спасовски?
– Дали и Вие како некој што поседува решение за користење на службен стан со овој Закон ќе се стекнете со законска можност истиот да го откупите?
Овој закон е директен приказ и огледало на Вашите карактери. Менаџирањето на ова прашање во изминатите скоро 9 години додека управувавте со Министерството, го водевте исто како и пасошите и личните документи.
За среќа, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот кабинет работат на издржано законско решение со кое што на полициските службеници кои навистина заслужуваат и им е потребно решавање на нивните проблеми од ваков карактер, ќе им биде овозможено надминување на истиот.
Ама на вистинските заслужни полициски службеници, не на партиските послушници на Спасовски и на Бојмацалиев кои се вдомиле во државните станови притоа неисполнувајќи ниту еден услов“, рече Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.