Македонија
Студентите од УКЛО ќе добијат можност за летна пракса во општина Битола

Битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска оствари средба со проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и институционален eразмус координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски, во функција на унапредување на заедничката соработка.
„Во текот на летните месеци им се дава можност на студентите да ги продлабочат и да се стекнат со нови знаења и вештини, што всушност се совпаѓа и со напорите што ќе ги преземаат УКЛО и градот Битола за реализација на универзитетска летна пракса“, се наведува во соопштението за средбата.
На истата соговорниците зборувале и за проектот на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, за преземање на заеднички активности со општина Битола и јавните претпријатија кои се во нејзина надлежност.
Пилот-пректот „Универзитетска летна пракса“ би се спроведувал и во останатите општини.
Со цел успешно реализирање на вака конципираната идеја, преку повеќе активности ќе се даде можност за студенти на УКЛО да се вклучат во обавување практична работа во општината, нејзината администрација, јавните претпријатија кои се во надлежност на општина Битола, како и во одделните сектори во општината.
Периодот на реализација на ваквата активност би бил во летните месеци, кога дел од вработените го користат годишниот одмор со целосна примена на епидемиолошките мерки. На тој начин ќе се направи спој на теоријата и нужната поголема пракса и искуство на студентите.
„Во преtстојниот период ќе се изнајдам механизми УКЛО и општината Битола заеднички да аплицираат на проекти кои би се реализирале преку европските образовани програми на ЕУ. Еразмус плус мобилноста дава можности преку престојот на странски студенти и нивното сместување да се организира во приватни капацитети за сместување со што ќе се помогне и домашната економија и стандардот на граѓаните кои официјално издаваат сместувачки капацитети. Во иднина ќе се направат напори да се создаде т.н. каталог на сместувачки капацитети кои може да се дадат на располагање и користење на странските студенти кои би дошле во размена на единиците на УКЛО, а со користење на средства од ЕУ ќе се помогнат домашните ресурси и капацитети во општината Битола и регионот“, рече на средбата проректорот и универзитетски професор Марјан Ѓуровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.