Контакт

Македонија

Судии и професори ќе го реформираат Судскиот совет

Објавено пред

Министерот за правда, Кренар Лога формира работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет.

dobivaj vesti na viber

Според листата на членови на работната група што ја објави министерот, во неа ќе учествуваат судии, професори и експерти од областа на правосудството.

Со работната група ќе претседава Академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите и во неа ќе учестуваат: Маргарита Цаца – Николовска, – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур; д-р Бајрам Положани, поранешен судија на Уставниот суд и професор по уставно право;  Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд; Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд; Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија; Јелена Кадриќ, претставник од Институтот за човекови права; Ивана Петковска, претставник од Коалиција Сите за правично судење; Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија; д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје; д-р Ана Павловска – Данева, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје; Ѓорѓи Радојков, поранешен судија; Ивица Николовски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија; д-р Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа; д-р Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
Шпенд Деваја – судија во Врховниот суд.

Лога образложи дека потегот следи по Ивештајот на Европската комисија за напредокот за Македонија, каде што е изразена  сериозна загриженост за работата на Судскиот совет.

Имено, во клучните оценки и препораки во делот на функционирање на судството Европската комисија го повикува Судскиот совет да се залага да ја заштити независноста и интегритетот на судиите. Натаму, се нотира контроверзното разрешување на Претседателот на Судскиот совет преку контроверзна постапка со која се доведе во прашање почитувањето на законите и постапките. Обидите на сегашниот Претседател да го ограничи присуството на камерите на седниците на советот” се исто така нотирани, а кои благодарение на интервенциите на граѓанските организации и судско медиумскиот совет претсанаа да бидат пракса.

Исто така во извештајот се нотира и ниската доверба на судиите во улогата на Судскиот совет во заштита на судската независност, а согласно оценката на ризикот од корупција во судството, објавена во јуни 2023 година, со која 72% од судиите не се согласуваат со ставот дека Судскиот совет ефективно ја штити судската незавиност.

Една од причините за испраќање на оценска мисија од страна на Европската унија за работата на Судскиот совет беа и лоцираните слабости во неговото функционирање изминатиот период.

 

Paботната група во својата работа ќе повикува и претставници од сите релеванти органи од областа на правосудство.

Скопје

Без струја неколку скопски општини

Објавено пред

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Мишевска и Бранко Заревски, како и дел од корисниците од улицата Китка лоцирани до раскрсницата со улицата Ратко Митровиќ во општина Кисела Вода.

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Македонија како и објектите на Вардар Технометал, хотел Турист, ЈПДП, ВМРО и објектите во нивна околина во општина Центар.

– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од улица Јоаким Крчовски лоцирани кон Косовската амбасада, како и корисниците од улицата Самоилова лоцирани на потегот од Косовската до Турската амбасада во општина Центар.

– во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од улицата Никола Петров во општина Чаир.

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Девол во општина Карпош.

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците 9008 и Илија Ристовски во општина Аеродром.

– во периодот од 10.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Бродец во општина Чучер Сандево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и многу топло, температурите до 38 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Во ноќните часови кон петок ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=8

dobivaj vesti na viber

Во Скопје во текот на денот сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Потоа за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Скопје

Бесплатен превоз за средношколците и за време на летниот распуст, известува ЈСП

Објавено пред

ЈСП Скопје ги информира средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

dobivaj vesti na viber

– Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука…“, соопшти ЈСП.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Солзавец и водени топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет21 минута

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет27 минути

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ16 часа

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија17 часа

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија19 часа

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...

Македонија19 часа

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање...

Македонија20 часа

Искинати кабли, уништени огради, детските игралишта навечер се места за пиење алкохол, Герасимовски апелира на подигање на свеста

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, на Водно и во Дебар Маало....

Македонија21 час

Левицата: Партнерот на Мицкоски, Африм Гаши, одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши,...

Македонија23 часа

ОЈО ги повлече основните две-три обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“

Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој...

Македонија23 часа

Хан: Ме загрижува случајот со Северна Македонија, сите инволвирани страни да се држат до договорот од Преспа

Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација, го изрази својот поттик до сите страни, вклучително и новата влада на Северна...

Македонија24 часа

Силјановска-Давкова се сретна со германскиот претседател Штајнмајер: разменети мислења и очекувања за спроведување на реформите на евроинтегративниот пат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го...

Регион1 ден

Во Грција најавени пеколни горештини: затворија и училиштата

Во Грција денеска се најавени пеколни горештини, а многу високите температури, според најавите, ќе траат до викендот. Највисоки температури се...

Македонија2 дена

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на...

Македонија2 дена

Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на...

Македонија2 дена

Деспотовски ги повика кандидатите за претседател на СДСМ да се соочат на дебата: Охрабрува тоа што моите колеги ги промовираат клучните точки од мојата програма

Јован Деспотовски ги повика уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да му се придружат на јавна дебата, на...

Економија2 дена

Мицкоски најави инвестиција во енергетиката: Нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија

„Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога...

Скопје2 дена

Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се...

Регион2 дена

(Видео) Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската влада

Околу 9.40 часот пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската влада, непознато...

Регион2 дена

Неколку земјотреси го погодија Крит, најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го...