Контакт

Македонија

СЈО му отвори уште две нови истраги на Никола Груевски „Пропаганда“ и „Хармонија“

Објавено пред

СЈО отвори 6 нови истраги, објавија на официјалната веб-страница. Во 2 од нив осомничен е експремиерот Никола Груевски. Станува збор за истрагите „Пропаганда“ и „Хармонија“.

Во истрагата „Пропаганда“  осомничени се девет лица, и тоа: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Ацо Мисајлоски, Емил Парнаџиски, Владислав Стајковиќ, Саше Стојановски, Елена Колишевска, Марјан Цветковски и Захарија Вулгаракис, поради основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Предмет на оваа истрага е влијанието врз јавното мислење и обезбедувањето контролиран проток на информации во средствата за јавно информирање на товар на буџетот на РМ, а во насока на поддршка на дејствувањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, постои основано сомнение дека осомничените девет лица формирале злосторничко здружение на чие чело бил осомничениот Никола Груевски, кој заедно со осомничените Кирил Божиновски и Ацо Мисајлоски создале група што имала за цел вршење кривични дела против службената должност.

Во истрагата „Хармонија“ постои основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски – претседател на Владата на РМ, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски – градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, како соизвршители, за Приватен меѓународен балкански универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра, на следниов начин:

Од доказите произлегува дека Никола Груевски, поради блиски пријателски врски со лица од Република Турција им помогнал на сопствениците да се стекнат со две градежни парцели на атрактивно земјиште во северниот дел на касарната Илинден, по нереално ниска цена од само 71 денар по м2 ,наспроти предвидената почетна цена од 1400.00 ден по м2.

Имено, Никола Груевски на седница на Владата издејствувал измена на уредбата која се однесува на продажба на државното земјиште, со што била утврдена почетна цена од 61 денар по м2 за јавно наддавање.

 

Најново

Македонија21 минута

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт60 минути

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија1 час

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника1 час

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион1 час

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...

Македонија2 часа

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...

Македонија2 часа

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...