Македонија
СЈО ќе поднесе кривични за нерегуларностите при испитувањето во Охрид
Кога Специјалното јавно обвинителство, пред неколку недели спроведе сослушување на сведоци во Охрид, беа организирани протести, а биле упатени и закани кон обвинителките, за што обвинителката Ленче Ристовска најави кривични пријави.
„Во Охрид имавме непријатна ситуација испративме покани преку МВР, и тие покани требаше да се достават на сведоците. Сепак дел од поканите не беа доставени. Беа испратени 185 покани од кои само 130 беа доставени“, рече Ристовска.
Кога донаторите на партијата беа свикани во просториите на СВР Охрид на распит пред полицијата се одржуваше протест.
„Сите сведоци не се повикани поради тоа што е некој член на некоја партија, туку ги повикавме затоа што се поврзани со други околности. Беше побаран состанок од двајца претставници на политичка партија, и на тој состанок како јавни обвинители бевме јас и уште една колешка. Од тие лица кои дојдоа ни беа упатени извесни закани, ни беше доставен и список дека знаат кого се сме повикале, па со оглед дека неповикани лица го имаа списокот од тајна истражна постапка, во скора иднина ќе следат сознанија кој се вршел притисоци и како завршиле списоците таму каде што не требало да завршат“, рече Ристоска.
Ристовска одговарајќи на новинарско прашање зошто влегоа во просториите на медиумската куќа МПМ, рече дека тоа е предистражна постапка, што значи дека податоците се тајни.
„Немаме официјално соопштено зошто се обративме до МПМ и што баравме таму, предистражна постапка е, не можеме да кажеме дали е самата медиумска куќа, дали за друга постапка за финансиско работење, доколку не дојдеме до ниво за предистражно сомневање нема да кажеме што беше предмет на истражување“, појасни Ристовска за влегувањето на СЈО во МПМ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

