Македонија
Сè уште нема обвинение за „Дрисла“, истрагата трае девет месеци

Основното јавно обвинителство Скопје направи проверки постапувајќи по предмет оформен по допрен глас во јануари годинава за кривично дело загадување на животната средина и природата, а во врска со работењето на депонијата „Дрисла“ во Скопје.
„Во насока на утврдување на фактите беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина за извршените контроли над работењето на депонијата. Притоа, Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител наведува дека депонијата ‘Дрисла’ постапува во согласност со спогодбата постигната во Министерството за животна средина и просторно планирање, а извршените мерења во кругот на депонијата за квалитетот на амбиенталниот воздух покажале дека резултатите од мерењето се во дозволените граници според европското и националното законодавство“, соопштија од Обвинителството.
Сепак, и покрај ваквиот одговор, велат од таму, надлежниот јавен обвинител продолжува со проверките во насока на утврдување на фактите во предметот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Оптимист сум дека ќе обезбедиме мнозинство за Уставните измени

„Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги добиеме извештаите од скринингот и патоказот за отворање на поглавјата. Паралелно со тој процес , се одвива и процесот на уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот“.
Во интервју за француската телевизија „Франс 24“, министерот за надворешни работи, Бујар Османи зборува за процесот на уставните измени, односите со Бугарија, како и за реформската агенда на Владата потребна за исполнување на условите за членство во ЕУ.
Прашан за можноста Бугарија да го повтори ветото во иднина за некое друго прашање, Османи вели дека е оптимист и дека со формирањето на новата влада во Софија ќе започне и новото поглавје на односите помеѓу Северна Македонија и Бугарија.
„Од моето искуство, она што беше штетно за нашите односи со Бугарија и за нашата европска перспектива е овој бесконечен изборен процес во Бугарија и немањето политичка влада како соговорник за да се воспостави доверба и комуникација и да одиме напред“, вели Османи во интервјуто во однос на односите со Бугарија и очекувањето за продолжување на дијалогот помеѓу двете земји.
Во однос на реформската агенда и напредокот на земјава во борбата против корупцијата, Османи вели дека Северна Македонија има најдобар резултат во регионот во исполнување на политичките и економските критериуми од европското аки. За земјата уште подобро да напредува и да покаже вистински резултати, Османи вели дека е потребно да почнеме да ги отвораме преговарачките кластери.
„Инсистираме на отворање на кластерите за преговарање. Преговорите за пристапување ги имаат овие сеопфатни поглавја за владеење на правото, поглавја 23 и 24, кои се отвораат први и затвораат последни. И тие ја обезбедуваат рамката преку која ќе можеме да го подобриме и да го европеизираме нашето општество“, вели Османи.
Северна Македонија, делумно со тоа што толку долго беше на овој пат кон ЕУ, беше фаворит дури и во споредба со земјите кои ги започнаа пристапните преговори пред десетина години.
„Оваа предност и побрзото отворање на поглавјата, ќе ни помогне за да можеме побрзо и да ги затвориме преговорите“, вели Османи во интервјуто за „Франц 24“.
Македонија
Петровска во посета на најстариот приватен воен колеџ во САД, Универзитетот „Норвич“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и делегацијата при престојот во сојузната држава Вермонт, го посетија и Универзитетот „Норвич“, кој е и најстариот приватен воен колеџ во Соединетите Американски Држави.
При посетата на „Норвич“, министерката Петровска се сретна со претседателот на Универзитетот, генерал мајор Марк Анарумо, со кого разговараше за можностите за продолжување на успешната соработка помеѓу Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и овој Универзитет.
Петровска и Анарумо изразија интерес за продолжување на воспоставената пракса на размена на питомци, за што во иднина треба да се потпише и нов Технички договор помеѓу двете високообразовни институции.
Во периодот од 2015 до 2020 година, 10 питомци од академијата минаа по еден семестар во рамките на Универзитетот Норвич, додека питомци од овој Универзитет беа дел од Летниот кампус организиран од Воената академија на „Криволак“.
Македонија
Прашањата од матурата по англиски јазик се појавија на група на „Вибер“, од ДИЦ велат дека тестот не е пробиен, туку споделен

Матуранти, во група на апликацијата „Вибер“ си ги разменувале одговорите на матурскиот тест по англиски јазик.
По информациите во јавноста, со коментар се огласи Државниот испитен центар.
Од тука велат дека тестовите не биле пробиени, туку прашањата биле споделени откога испитот започнал.
„Тестот не е пробиен, туку споделен“, велат од испитниот центар образложувајќи дека тестирањето почнало во 10 часот, а потоа во рамките на Вибер групите од страна на членовите биле објавувани прашањата кога почнала реализацијата на испитот.
Најавуваат дека ќе постапат согласно законските надлежности со сите матуранти што ги нарушиле правилата.
Денеска се полага вториот екстерен испит, а според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик.