Контакт

Македонија

Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Објавено пред

Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16 годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба „Претор“.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.

Македонија

Полицискиот синдикат незадоволен што случајот со прегазениот полицаец се третира како обична сообраќајка

Објавено пред

Македонскиот Полициски Синдикат следејки го текот на постапката со нападот на Полициски службеници од страна на група на лица на подрачјето на ОВР Прилеп случен на 24 септември, во кој повеќе полициски службеници се здобија со повреди а еден полициски службеник во критична состојба беше пренесен во клинички центар Скопје, го поздравува постапувањето на надлежното Обвинителство и надлежниот суд во која постапка на 10 лица им е изречена мерка притвор.

„Го поздравуваме ваквото постапување кое дава јасна порака за правична институционална заштита на полициските службеници при извршување на својата професија и јасна порака дека секој напад на Полициски службеник ке резултира со соодветна итна постапка согласно кривичното законодавство. Од страна на МПС во целост ке се следи ваквата постапка до завршување на постапката, во насока на заштита на правата на полициските службеници и заштита на достоинството на професијата полицаец, и континуирано ке ја известува јавноста за целиот тек на постапката“, се вели во соопштението на Синдикатот.

Во врска со настанот случаен во Скопје каде беше прегазен полициски службеник кој поради здобиени повреди беше пренесен во Клинички центар Скопје, Синдикатот изразува големо незадоволство за постапувањето на надлежните институции каде настанот е квалификуван како обична сообраќајна незгода и во која постапка само формално е обавен разговор со сторителите и истите се ослободени.

„Сметаме дека ваквиот формализам во постапувањето без во рамки на постапката да се утврдат сите факти во однос на правична квалификација на настанот придонесува кон охрабрување на сите сторители на вакви дела и загрозување на животот и здравјето на полициските службеници и загрозување на самата професија полицаец која треба да биде гарант за безбедноста на сите грагани и безбедноста на државата. Укажуваме дека нападот на полицаец се врши на сите начини кои се насочени директно кон полициските службеници при што и нападот со употреба на моторнo возило преставува напад исто како и нападите со користење на опасни орудија. Бараме од надлежните институции да ја преиспитаат квалификацијата на кривичното дело за овој настан и во рамки на постапката да ги превземат сите најстроги законски дејствија кои им се на располагање раководејки се од правичното постапување во насока на целосна заштита на полицискиот службеник и на самата професија полицаец“, реагираат тие.

МПС целосно ќе ја следи ваквата постапка до завршување на постапката и за целиот тек на постапката ке ја информира јавноста.

За настанот во Битола, Македонскиот Полициски Синдикат ја информира јавноста дека против лицето во настанот со полициските службеници има поднесено Кривична пријава за напад на Полициски службеник уште на 21 септември, што е очигледно од повекето снимки кои беа објавени во вчерашниот ден.

„Бараме да не се донесуваат избрзани заклучоци во кои ваквите сторители на кривични дела би се претставиле како жртви во јавноста. Бараме од Јавното обвинителство во Битола да се забрза постапката согласно законски предвидената постапка за да се утврди вистината и ваквите сторители да се осудат за нивните постапки. Во однос на постапката која се води против полициските службеници дали истите ги примениле полициските овластувања во рамки на законот потребно е да се почека постапката во која би биле утврдени сите факти во однос на постапувањето на полициските службеници. Да не заборавиме на Уставно загарантирано право на Пресумпција на невиност согласно кое секој се смета за невин се додека не се утврди во соодветна постапка и во таа насока бараме да бе се донесуваат ставови кои би биле резултат на предрасуди. Ги информираме полициските службеници дека МПС е со нив и дека активно ќе се вклучиме во остварувањето на правото на бесплатна правна помош на полициските службеници со личен избор на адвокат кој ке ги застапува во постапката а со цел докажување на основано ста на примената на полициските овластувања и докажување на нивната невиност. Ги информираме нашите членови дека будно ги следиме сите постапки во кои се вклучени полициски службеници и дека позади нив секогаш стои колективната сила на Македонскиот Полициски Синдикат и колективната сила на Европскиот совет на Полициски синдикати во кој активен член е МПС, и кој Совет сегогаш е со јасна и недвосмислена подршка на нашите членови, на што сме сведоци во изминатите денови во кои добивме јавна подршка од Европскиот совет на Полициски синдикати. Нашите членови можат да бидат цврсто уверени дека не се сами во ваквите тешки моменти и дека секогаш здружени користејки ја колективната сила на Синдикатот максимално ке се залагаме за заштита и остварување на сите права како и за достоинството на професијата која ја извршуваме“, стои во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во земјава.

„Јом Кипур има уникатно место во еврејскиот календар. Една од клучните пораки на овој празник на покајанието, искупувањето и помирувањето е дека не е предоцна за да се сврти нова страница во животот, да се биде благодарен за благословите во сопствениот живот и да се биде благослов во животите на другите луѓе и во општеството“, се наведува во претседателската честитка.

Пендаровски на сите припадници на Eврејската заедница во Република Северна Македонија од сè срце им посакува празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов.

„Молитвите и постот нека Ви донесат утеха, духовен мир, поттик за добри дела што ги рушат бариерите меѓу луѓето и заедниците. Малите дела на добрина, хуманост и солидарност можат да направат голема разлика, особено во време кога се соочуваме со глобалната пандемија со Ковид-19. Затоа, иако малубројна, Еврејската заедница со своите вредности има голем удел во негувањето на човечкото достоинство и заемното почитување во македонското мултиетничко, мултијазично и мултиконфесионално општество“, вели претседателот кој честитката ја завршува со пораката G’mar chatima tova.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев вели дека Порта Македонија не го попречува сообраќајот

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев со мислењето испратено до Општина Центар не барал уривање на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза туку почитување на мислењето на стручните комисии. Тој денес објасни дека конкретно Порта Македонија не го попречува движењето.

„Мислењето дадено до Општина Центар од Владата не укажува дека треба да се урива кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата од стручните комисии формирани од извршната власт. Напротив, конкретниот проект Порта Македонија, не попречува пешачки ниту моторен сообраќај. Низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила односно дозволена е непречена комуникација“, рече премиерот Заев.

Со мислење Владата побара од Општина Центар во новиот план „Мал ринг“ кој е во подготовка, да ги избрише недоградениот споменик на Мајка Тереза и Порта Македонија.

Општина Центар, по мислењето од Влада, испрати допис до Министерството за култура како инвеститор на објектите во кое бара да се изјаснат дали се за уривање.

Сите досегашни стручни мислења беа дека и Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза се на места на кои не треба да има такви објекти, дека се изградени како дивоградби и препорачуваа нивно уривање.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија55 минути

Викенд без ДДВ од 10. до 12. октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ2 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа2 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет3 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ4 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа5 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет6 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија19 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа21 час

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија23 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија24 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет1 ден

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 ден

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 ден

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет1 ден

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет1 ден

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Досие