Македонија
Талевски : ДПМНЕ не може ништо да реши, само лаже и создава хаос со личните документи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/thumbnail_09-06-2021-Talevski.jpg)
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое прави и создава проблеми , СДСМ ги решава проблемите и затоа денес ќе излезе со конкретен закон и конкретно решение за личните документи за граѓаните.
ДПМНЕ се тие кои што ги лажат граѓаните, велејќи дека кога ќе дојдат на власт ќе го променат името и ќе го вратат старото име за да се реши проблемот на граѓаните, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талевски.
„ДПМНЕ сега да и каже на македонската јавноста како ќе го промени името, кое го споменува заради вадењето документи. ДПМНЕ се истите тие кои не ги гласаа своите министри, а сега излегуваат во јавност и кажуваа дека ќе го решиле проблемот со документите во државата. Нивниот технички министер даваше изјави дека ќе го решел проблемот на граѓаните кои сега чекаат. Денес ќе го решел проблемот, утре ќе го решел. Ајде решете го проблемот, наместо да се жалите и да ја замајувате јавноста и да создавате проблеми“, рече Талевски.
Според него, техничкиот министер на ДПМНЕ, не само што не може да го реши проблемот, туку тој не може ништо да направи.
„Тоа се кадрите на ДПМНЕ и тоа се гледа точно и во општините со кој тие владеат две години.
ДПМНЕ со нивните градоначалници да кажат барем еден проект кој што го решија, во нивните мандати. Една шајка немате ставено во општините каде што раководи ДПМНЕ, само лажете и секогаш некој друг им е крив“, рече Талевски.
СДСМ денес со коалицијата ќе излезе со конкретно решение каде ќе се реши проблем на граѓаните со документите за лична идентификација, истакна Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.