Контакт

Македонија

„Талир 2“: Ленче Ристоска на судењето дојде без стручeн соработник на СЈО

Објавено пред

Обвинителката Ленче Ристоска утрово првпат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО. Таа не сакаше да даде изјава за медиумите и рече дека оди на судење.

Денеска почна рочиштето за предметот „Талир 2“ на СЈО за кое Ристоска доби овластување да го застапува од државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Во овој предмет се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски.

Според обвинението, тие со злоупотреба на службената положба овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако во времето на обезбедување на услугата тоа имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политичките партии, Законот за финансирање на политичките партии и Законот за облигационите односи. Обвинетите се сомничат дека прибавиле значителна имотна корист за партијата во износ од речиси 8,2 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Објавено пред

Велика Британија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, напиша на „Твитер“ дека е завршена ратификацијата на Протоколот за Северна Македонија.

„Се радувам на приклучувањето на Северна Македонија на НАТО-фамилијата и на учеството на состанокот на НАТО-лидерите во Лондон, заради промоција на меѓународните мир и безбедност“, напиша Раб.

Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот ја пренесе и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку социјалните мрежи.

„Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме“, напиша Шекеринска.

Освен Велика Британија, и Италија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Беса тврди дека полицијата врши притисок врз нивни членови

Објавено пред

Активисти на Движењето Беса на прес-конференција од пред Владата, со ленти на устата и со заврзани раце, симболично порачаа полицијата да престане со притисок врз нивни членови.
Лириден Хусеини рече дека членови на Беса, се испрашувани и психолошки малтрерани поради нивните активности.

Тој вели дека тоа нема да ги исплаши активистите да запрат со кревањето на гласот против лошите политики на власта.

,, Оваа власт кога беше во опозоција ни продаваше вредности на демократија и поголема слобода на изразување, денес на суптилен начин сака да го замолчи младинскиот глас, кој едно по едно ги открива неуспесите на владата. Младинските активисти на Беса ги вознемирија меките фотелји на владеачите кои на прво место ги имаат своите лични и семејни вредности, а после интересите на сиромашните граѓани. Партиската полиција на власта врши разни психолошки притисоци да се повлечеме. Ние оттука велиме не. Нема да застанеме залудно се обидуваат да не исплашат”, рече Хусеини.

Алтивистите на Беса по завршувањето на прес-конференцијата, со фластери ја излепија вратата на Владата и ги закачија ланците кои ги носеа на рацете.

Наслов БЕСА: Партиската полиција на власта, да престане со притисок врз наши членови

Прикажи повеќе...

Македонија

Европските зелени: ЕУ мора сега да ги исполни своите ветувања

Објавено пред

Пред состанокот на Европскиот Совет, пратеничката група на Зелените во Европскиот Парламент, го повикува Советот да ги отвори пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

“Европскиот Совет мора да даде зелено светло за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Се доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ, доколку одлуката за овие две држави повторно се одложи. Перспективата за членство во ЕУ за државите од Западен Балкан е од фундаментално значење за стабилноста на целиот регион. Северна Македонија и Албанија направија огромни напори да го следат реформскиот процес проектиран заедно со ЕУ. ЕУ мора сега да ги исполни своите ветувања. Понатамошното одлагање на обете одлуки го загрозува угледот на ЕУ во регион кој станува област за конкуренција со многу други актери” изјави Рајнхард Бутикофер, европратеник од Зелените и член на Комисијата за надворешна политика во Европскиот Парламент.

“Северна Македонија стана модел за решавање на билатералните прашања со соседните држави на мирен начин. Постигнатиот договор со Грција, во Преспа, во јуни 2018, кој следеше по билатералниот договор со Бугарија, е значаен договор кој дава поттик за стабилноста на целиот регион. Покрај ова, Северна Македонија презеде длабоки реформи за поддршка и консолидирање на своите демократски институции. Отворањето на преговорите ќе ги зајакне сите оние кои се залагаат за дијалог и помирување и внатре и надвор од земјата. Со повторното изостанување на одлука за започнување на преговори, се засилува целото националистичко милје и во Северна Македонија и во Грција, кое се обидува да го стави под знак прашалник договорот од Преспа” изјави Виола вон Крамон, европратеничка од Зелените, член на Комисијата за надворешна политика и известувач во сенка на Инструментот за пред-пристапување III.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија18 минути

Заев: Ако нема одлука за датум, владата може да падне

Понатамошно одлагање на добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на владата, рекол премирот...

Македонија59 минути

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет2 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион3 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија3 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет4 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет4 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет5 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион5 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа6 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет18 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија19 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа21 час

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион22 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет23 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет23 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ24 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Досие