Контакт

Македонија

Тасевска: ВМРО-ДПМНЕ и Левицата не ги интересираат работниците, не гласаа за недела неработен ден

Објавено пред

Пратениците од новото парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за работните односи, недела станува неработен ден за работниците, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

„Само оние дејности што се неопходни за нормално функционирање на државата ќе работат, но за тоа овие работници ќе добиваат додаток на платата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час“, посочи Тасевска.

Таа изрази жалење што при носењето на овие законски измени пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како и оние од Левицата, одлучиле да не гласаат, со што, како што рече, се ставиле на спротивната страна од интересите на работниците.

Македонија

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

Објавено пред

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД пандемијата.Година во која што за жал имавме голем предизвик во економијата, во образованието, имавме многу политички предизвици. Година во која што народот одлучи да оваа власт која што четири години буквално не спроведе никаква реформа да ја прати во опозиција. Но за жал поради политичка некултура и постизборни математики се уште продолжува агонијата”, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека се надева и верува дека народот ќе ја добие онаа Влада која што ја бараат и за која што ќе гласа, Влада која што ќе е на народот и на граѓаните на Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

138 сообраќајни прекршоци во Скопје – 21 за брзо возење

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 16 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за непрописно престројување на возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја утре повеќе улици во Скопје

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 20.01.2022 година (четврток), поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат:

Во време од 08.00 – 13.30 часот зграда број 37 на бул. Партизански Одреди – сите становии стопански објекти (о. Центар),

во време од 09.00 – 12.00 часот дел од ул. Генерал Михајло Апостолски (о. Аеродром) и

во време од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Мариовска, Мегленска и Милан Мијалковиќ (о. Кисела Вода), како и дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Коста Новаковиќ и дел од бул. Трета Македонска Бригада околу крстосницата со ул. Коста Новаковиќ (о. Аеродром).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Ангела Меркел ја одби понудената работа во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби работата што и ја понуди во Обединетите нации генералниот секретар на ОН Антонио...

Македонија52 минути

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет3 часа

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Македонија4 часа

Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји. Со...

Македонија18 часа

Рекордни 2.269 нови случаи на коронавирус во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269...

Македонија19 часа

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што...

Македонија20 часа

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија21 час

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Македонија24 часа

Гаврил Бубевски избран за нов претседател на скопското Јавно обвинителство

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е...

Македонија1 ден

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа1 ден

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија1 ден

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет1 ден

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија1 ден

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија2 дена

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија2 дена

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија2 дена

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија2 дена

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија2 дена

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија2 дена

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Досие