Македонија
Таткото негира дека кажал кога Вања ќе излезе од дома, Обвинителството и за него ќе бара притвор
Таткото на убиената Вања во истрагата негирал дека тој му ги дал информациите на организаторот, кој истовремено е и извршител на убиството, Љупчо Палевски-Палчо, сега во бегство, за местото и времето кога таа сама ќе излезе од дома. Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, вели дека вмешаноста на таткото засега се вади од контекстот на она што го кажуваат другите приведени. Двајца од приведените рекле дека избеганиот Палевски им кажал дека од таткото на Вања ги добиле информациите кога и каде може да ја чекаат.
„Досегашниот негов исказ во полицијата јасно го знам, не знам дали можеби во моментот нешто ќе се смени или се сменило, сѐ уште таткото ги негира овие дејства. Ние неговата инволвираност, која сè уште сметаме дека е посредна во овој случај, ја вадиме од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот дека едното лице им кажало оти сето ова го знае од контактот со таткото. Во однос на тоа дали ќе се бара притвор, да, затоа што ова е почетно, имаме основи на сомнение за негова вклученост и ќе се бара обезбедување негово присуство во постапката. Ќе видиме и од материјалните докази што ќе произлезе денес, можеби некои докази ќе произлезат утре. Веројатно, во текот на денот ќе има одредени промени. Ќе се бара притвор“, рече обвинителот Бубевски.
Тој уверува дека сите вербални и материјални докази што ги имаат се поклопуваат, односно се идентични и „нема бегање од тоа“.
Истражните органи допрва ќе утврдуваат и дали таткото е некако поврзан со убивањето на Вања оти засега го поврзуваат само со нејзиното грабнување.
„За таткото сега за сега само посредни докази укажуваат дека учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши кривичното дело грабнување. Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата, која потоа го извршила најтешкото кривично дело затоа што немаме такви сознанија за тоа. Имаме определени сознанија што ни укажуваат дека таткото имал одредена комуникација со лицето, тука ќе ја задржам пресумцијата на невиност за да не направам и друг проблем понатаму, кое сега не е тука и дека овие двајца од тројцата осомничени, кога го прашале тоа лице, тој рекол: јас овие сознанија ги имам од таткото на девојчето, кога, во колку и како излегува и дека ќе биде само тој ден кога излегува од дома“, објасни обвинителот Бубевски на денешната прес-конференција за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, а за кои истрагата утврди дека се поврзани.
Обвинителството сѐ уште не ги води приведените петмина и избеганиот Палевски како организирана група. Сѐ уште се утврдуваат нивните врски за да може да се наречат организирана група, засега се само соизвршители.
Групата на 22 ноември го киднапирала 74-годишниот велешанец за кој е веќе утврдено дека имал долг од 500 евра и се поврзува со еден од приведените. Му го зеле автомобилот и со него ја киднапирале Вања на 27 ноември. Ја чекале пред влезот на зградата, ѝ ги врзале рацете и нозете, ја ставиле во багажникот и ја однеле во скопското село Бразда. Таму ја убиле и ја закопале, а во близина го запалиле автомобилот.
Го убиле и 74-годишниот велешанец, кој бил закопан во Велес, а во двата случаја имало по еден сведок на убивањето.
Оружјето сè уште не е пронајдено.
Додека за истражните органи донекаде е јасно дека велешанецот бил убиен за долг од 500 и за да се искористи неговиот автомобил во случајот на Вања, сѐ уште не е утврдено за колкава сума се работи и на утврдување на мотивот сѐ уште ќе се работи. Обвинителот Бубевски објасни дека ќе проверуваат дали станот, кој мајката го продала, е можен мотив за изнуда иако досега истрагата не открила дека од неа е побаран откуп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Преку наместен тендер во ЕСМ во 2023 испрани околу 2 милиони евра
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСM и ДУИ за време на нивното седумгодишно владеење воспоставиле тендерски мрежи со однапред договорени постапки и контролирана конкуренција, со цел перење пари од државниот буџет.
Во соопштението се наведува дека во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, биле испрани околу 2 милиони евра преку наместен јавен тендер со вкупна вредност од 8 милиони евра.
Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо постапката за јавна набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во неа биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово, со однапред дефинирани улоги. Кумановската фирма, како што се наведува, била вклучена исклучиво за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач.
Од партијата посочуваат дека фирмата од Куманово доставила непотполна документација и понуда со цена повисока од претходно проценетата вредност, додека фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност, иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот.
По завршувањето на постапката, според соопштението, со цел да се замагли трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале финансиски средства во износ од околу 2 милиони евра, што, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, претставува јасна основа за сомнение за кривично дело перење пари.
Од партијата додаваат дека ова не е изолиран случај, туку само една од многуте шеми на наместени тендери кои функционирале за време на владеењето на СДСM и ДУИ.
Во соопштението се наведува и дека ниту Сoцијалдемократите ниту Интегративците не се оградиле, не се дистанцирале, ниту презеле одговорност, туку, како што тврдат, продолжуваат да го релативизираат и штитат криминалот.
Македонија
„Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух“, велат од СДСМ
„161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата“, велат од СДСМ.
„Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во криминални тендери преку кои се пумпаат милиони евра.
Мицкоски најавуваше 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50% но наместо тоа ги намали парите за чист воздух за 51%!
Владата на ДПМНЕ нема пари за чист воздух, нема пари за бесплатен јавен превоз, нема пари за филтри, за еколошко греење, еколошки проекти, за итни интервенции.
Само за криминални тендери има пари.
Изборот на ДПМНЕ е крадење на народот и лично богатење наместо јавното здравје на скопјани.
Во времето на СДСМ се презедоа низа на мерки со Планот за чист воздух и во тие години започна тренд на постепено намалување на загадувањето.
Штетните честички ПМ 2.5 во воздухот се намалија за -564kg на годишно ниво, а честичките МП 10 за – 735kg исто така на годишно ниво. И тоа граѓаните го знаат.
СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје и свикување на итна седница на Советот на Град Скопје за што имаме и конкретни мерки за намалување на загадувањето.
Но, за да може да се реализира некоја мерка мора крадењето на народот да запре а сите виновни да понесат одговорност согласно закон.
На криминалот и корупцијата мора да им се стави крај“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДС се сведува на група блиски до Заев
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека „новото“ раководство на СДСМ се сведува на група луѓе блиски до поранешниот партиски лидер Зоран Заев, наведувајќи дека нема граница која претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не е подготвен да ја помине за да ги задоволи неговите апетити и агенда.
Во соопштението се посочува дека на листата за Извршниот одбор на „новото“ СДС се нашол и Јон Фрчкоски, син на партискиот идеолог. Според ВМРО-ДПМНЕ, во СДС има лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, како и лица кои, како што се наведува, ќе направат сè за да останат блиски до поранешниот лидер на партијата.
Од партијата потсетуваат дека за Јон Фрчкоски пред неколку месеци во јавноста биле објавени фотографии на кои, како што тврдат, јасно се гледа како користи психотропни супстанци на своето работно место.
Во соопштението се наведува дека Филипче немал коментар за ова, ниту се оградил, а кога Фрчкоски се обидел да поднесе оставка од функцијата директор на Центарот за аналитика на СДС, таа не била изнесена пред Централниот одбор на партијата. Како што се цитира изјавата на Фрчкоски од минатата недела: „Не се враќам, никогаш не излегов, мојата оставка не беше разгледана“.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Фрчкоски никогаш не одговорил на прашањата поврзани со наводите, како што се каде ја користел дрогата и од каде му била истата.
Во соопштението се поставува и прашањето дали во СДС владеат правила на, како што се наведува, „паралелна реалност“, со оглед на тоа што, според партијата, раководството е целосно отсечено од јавната перцепција и ги претставува како „нови“ лица кои, како што тврдат, одамна се компромитирани, а некои и јавно политички потрошени.

