Македонија
Тошковски во посета на ЕВР Кисела Вода: во фокусот кадровскиот дефицит и слабата техничка опременост
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/2-1-1.jpg)
Во рамки на денешните активности министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при Сектор за внатрешни работи Скопје каде одржа работен состанок со раководството.
На состанокот се разговараше за тековните активности и предизвици на полициските службеници од оваа единица и беше истакнато дека покриваат големо подрачје, а се соочуваат со кадровски дефицит и слаба техничка опременост, особено во делот на моторни возила. Исто така, беше потенцирано дека објектот на оваа организациска единица не е лоциран на територија на Кисела Вода за којашто е надлежна, туку на територија на општина Центар и потребно во иднина да се размислува за изградба на нов објект кој ќе биде лоциран на посоодветно место.
Во делот на најновата мерка со која се предвиде граѓаните да ги подигаат готовите лични карти од полициските станици, од страна на командирот на ПС ОН Кисела Вода беше потенцирано дека овој процес се одвива без проблеми и на овој начин се постигнува поголема ефикасност бидејќи граѓаните можат во било кое време да дојдат во станица, а во исто време полициските службеници кои постапуваат на терен се ослободени од оваа дополнителна обврска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.