Македонија
Традиционалната крводарителска акција по повод Голема Богородица со посебни мерки поради Ковид-19
Црвениот крст од општина Центар и Институтот за трансфузиона медицина, на 28 август, традиционално, 18. пат по ред, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ од 9 до 17 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можностите од недостиг на крв и крвни деривати.

„Со оглед на ситуацијата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца. Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска“, појаснуваат организаторите.
Во 2003 година, кога првпат беше организирана оваа акција, бројката на крводарители беше 146, а како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2019 година 188 граѓани ја покажале својата хуманост со дарување крв.
Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 17 години е 3.896 дарувања или во просек 230 крводарители од акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

