Македонија
Тренчевска: Нови 75 места во градинката „Димче Мирчев“ во Велес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, го одбележа официјалното почнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во општина Велес, со која се обезбедуваат нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа. Воедно, на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со поддршката на Амбасадата.
„Ги проширивме капацитетите на градинката со опремување три дополнителни училници. Ова проширување, за кое одделивме еден милион денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, ни овозможува да сместиме уште 75 деца“, рече Тренчевска.
Таа му се заблагодари на амбасадорот што уште една сензорна соба се отвори во градинката во Велес истакнувајќи ја реалната потреба на општината од ваква сензорна соба, која на децата со попреченост ќе им влијае позитивно на нивниот раст и развој.
Амбасадорот Џанг Ѕуо во своето излагање се задржа на важноста од негување на односите помеѓу државите.
„Неодамна се вратив во Кина за да присуствувам на Централната работна конференција за надворешни работи. Конференцијата јасно стави до знаење дека промовирањето на изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото е главна линија на кинеската дипломатија. Токму тоа се политиката и принципот за развој на односите меѓу Кина и Северна Македонија. Од воспоставувањето на дипломатските односи пред повеќе од 30 години двете земји отсекогаш го почитувале меѓусебниот развоен пат и обрнување внимание на главните грижи меѓу себе“, рече Ѕуо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.
Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.