Македонија
Тренчевска: Повторно популизам и невистини од кабинетот на техничкиот министер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/thumbnail_415992207_390367860231651_2657318136932843930_n.jpg)
По изјавата на техничкиот министер од ДПМНЕ за состојбата во ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” во Куманово, се прашуваме дали министерот побарал информации од соодветниот сектор во министерството за да ги добие точните податоци или единствено е фокусиран на ширење на гол популизам и дезинформации. Токму тие изјави зборуваат за работата на техничкиот министер, кој очигледно не е излезен од позицијата на кабинетски службеник од времето на Димо Спасов, кога владееше дпмне и не се почитуваа закони, туку се работеше на популизам и реваншизам, реагира дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска
„Денес видовме како техничкиот министер од дпмне за ситни политички поени ја брани неспособноста на директорот на „Зафир Сајто“, Дејан Стојановски, кој како менџер на институцијата знаел дека треба да донесе годишен план за вработување за 2023 година, согласно Закон и истото не го сторил со што согласноста за 15 вработувања на неопределено во институцијата не ја реализирал. По доставено барање за вработување на определно во мај 2023 година, Министерството за финансии одобрува вработување за вкупно 10 лица.
Ако навистина Стојановски се грижел за институцијата наместо барања за административен кадар ќе барал за негуватели, а не од 10 работни места кои ги барал само 3 се за негуватели. Дополнително, за 2024 година барањето за добивање согласност за вработување на нови лица е комплетирано и доставено денес, 12.02.2024 година за 10 нови вработувања. И повторно само 3 се за негуватели, а останатите се за друг административен кадар.
Лошото менаџирање на „Зафир Сајто“ е евидентно, ама тоа не е вина на Министерството за труд и социјална политика во изминатите години, туку единствено на одговорното лице на „Зафир Сајто“ кој очигледно е дека не знае да раководи со институцијата во корист на граѓаните.
И кога техничкиот министер излегува со изјави во медиумите треба да знае дека фактите колку и да сака да ги сокрие, тие постојат во архивата на Министерството за труд и социјална политика“, реагира Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.