Македонија
Тренчевска: Услугата помош и нега во домот достапна за 45 стари лица во Пласница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/slika-plas-2.jpg)
Услугата помош и нега во домот е достапна за 45 стари лица во општина Пласница. Услугата ја спроведува здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи – „Жртва“, кое заедно со Општина Пласница доби грант за развој на оваа услуга во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги.
„Ми претставува вистинско задоволство што во придобивките на социјалната реформа е достапна и за најстарите жители на општина Пласница. Се гордееме на резултатите постигнати преку проектот, но многу поважно е задоволството на корисниците и негувателите. Нашите истражувања на задоволството на корисниците на услугата помош и нега во домот од првиот повик за грантови покажуваат дека имаме огромно задоволство од услугата, апсолутно мнозинство од корисниците изјавуваат дека услугата помош и нега во домот го унапредила квалитетот на нивниот живот. Задоволството е видливо и кај негувателите. 99 % од нив изјавуваат дека ангажманот како негувател целосно или делумно го унапредил квалитетот на нивниот живот“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, при посетата на Пласница.
Покрај грижата и негата што старите лица ќе ја добијат во своите домови, со воведување на новата услуга се овозможени и нови вработувања на ранливите категории граѓани, кои добиваат можност да станат сертифицирани негуватели. Токму тоа е и двојната придобивка од спроведувањето на социјалните услуги. Конкретно, за спроведување на услугата помош и нега во домот во Пласница се ангажирани 15 сертифицирани негуватели, кои ќе им го олеснат секојдневието и значајно ќе го подобрат квалитетот на живот на старите лица.
Соработката со општините е исто така значаен аспект во обезбедување на достапноста на социјалните услуги, а на тоа се осврна градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски. Тој искажа задоволство и голема благодарност до Министерството за поддршката за воспоставување на оваа услуга: „Многу сум му благодарен на Министерството за поддршката. Поддршката покажува дека не постојат мали и големи општини кога станува збор за грижата за граѓаните. Особено сум среќен што старите лица во Пласница, кои се многу поврзани со своите домови, ќе добијат грижа и нега во своите живеалишта“, изјави градоначалникот Јаоски.
Од здружението „Жртва“ исто така изразија благодарност за соработка до Министерството и до Општината потенцирајќи дека оваа услуга е многу значајна за старите лица во Пласница, на кои сертифицираните негуватели им помагаат во секојдневните активности, редовност во здравствените прегледи, личната и хигиената во домот и други активности.
Инаку, во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка, досега е овозможено воведувањето разновидни социјални услуги преку 34 поединечни проекти, што се спроведуваат во 41 општина. За давање на услугите досега се обучени и ангажирани над 300 лица, а тие се достапни за повеќе од 1.200 корисници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.