Македонија
(Видео) Трет обид за договор меѓу лидерите за референдумот
Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Беса, денеска повторно седнаа на иста маса, во трет обид да најдат заедничко решение за формирање на Државната изборна комисија и за прашањата поврзани со референдумот за договорот за името со Република Грција.
На средбата присуствуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски, и Билал Касами од тетовското крило на Беса.

Се очекува да се разговара и за условите на ВМРО-ДПМНЕ – Законот за финансирање на партиите и барањето за техничка влада по теркот на пржинската, како и за измените во Кривичниот законик поврзани со намалување на казните за злоупотреба на службената положба.

По завршувањето на минатата лидерска средба, премиерот Заев потенцира дека нема компромис за амнестија, директна или индиректна, а лидерот н ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, на прашањето зошто опозицијата ги условува преговорите со амнестијата, рече дека тоа е манипулација и дека за ова прашање не се преговара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

