Контакт

Македонија

Тројца од осомничените сè уште се вработени во Општина Карпош, еден од нив дал отказ

Објавено пред

Тројца од раководителите во Општина Карпош, кои се на распит пред судија на претходна постапка, сè уште се вработени во Општина Карпош. Лицата Н.Н. во својство на помошник-раководител на секторот за финансиски прашања, С.М. во својство на раководител на одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на одделението за сметководство, обвинети за злоупотреба на службената должност, сè уште работат на истите позиции. Само раководителот на секторот за јавни набавки, М.Д., сам си дал отказ веднаш по доаѓањето на новото општинско раководство, велат извори од Општината за „Макфакс“.

Од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев велат дека веднаш штом добијат известување од судот, ќе постапат во согласност со надлежностите. Односно, мерките што ќе ги преземат, ќе зависат од одлуката на судот.

Финансиската полиција, освен  Јакимовски, ги сомничи и вработените, а судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе има мерки на претпазливост. Лицата се осомничени во делот на три јавни набавки во Општина Карпош за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.

Македонија

Сончево со температура до 37 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 34 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нов пожар кај Велеполе кон Кондово и Свиларе, гори борова шума

Објавено пред

Нов пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе, меѓу селата Кондово и Свиларе. Гори борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје интервенира со три возила и 10 пожарникари.

Пожарот избувнал на непристапен терен, се прават напори да биде ставне под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни работи на патот Гостивар – Тетово и Петровец – Катланово

Објавено пред

Виадукт Трејд известува дека ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд започна и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денеска започна и изведувањето на градежни активности на дел од ул. ,,Ѓорче Петров” од крстосница со бул. ,,Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет11 час

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион12 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа12 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ14 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ16 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија17 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија18 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија21 час

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ22 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија22 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија22 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа23 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет24 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет2 дена

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет2 дена

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија2 дена

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие