Македонија
Тројца повредни во пожарот во дискотеката „Пулс“ сè уште се во болница: еден во Истанбул, двајца во „Систина“
Тројца повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 62 лица, веќе шести месец се на болничко лекување. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, рече дека еден од нив е во Истанбул, а двајца се во скопската болница „Аџибадем Систина“.
„Ме радува да спомнам дека за неколку дена бројот на повредени што се хоспитализирани се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациент од Истанбул се врати на 27 август и тој е на домашно лекување и еден пациент од Клиниката за пластична хирургија исто така е пуштен на домашно лекување. Во моментот на лекување во болнички услови останува еден повреден во Истанбул и двајца повредени во ‘Аџибадем Систина’. За жал, двајца сè уште се во тешка, но не критична состојба. Се надевам дека и таму борбата ќе биде успешна и ќе излезат закрепнати“, рече директорот Клековски денес при посетата на болницата во Кочани.
Освен тројцата, кои се на болничко лекување, двајца пациенти сè уште имаат потреба од повремени интервенции оти имаат отворени рани и тие се третираат во Кочани, а Фондот ги покрива контролите за шестмина повредени во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, настрана од физикалните терапии, кои редовно се вршат во кочанската болница.
Клековски извести дека пластичен хирург од Белгија направил процена на повредите кај пациентите со изгореници на лицето, вратот и на дланките.
„Имавме чест, дојде познат пластичен хирург од Белгија, кој правеше процена на повредените со изгореници на лицето, на вратот и на дланките. Тоа се осумнаесеттемина повредени со најсензитивни повреди за кои ќе треба подолготраен третман понатаму. Ние сме тука, ќе ја продолжиме поддршката и ќе направиме сè што е потребно повредените да излезат живи, здрави и убави“, рече директорот Клековски и уште еднаш потенцира дека закрепнувањето на повредените е борба на долги патеки.
Директорката на кочанската болница, Катерина Паниќ-Мирчовска, рече дека сè уште е рано за естетски зафати кај повредените, но доколку се неопходни зафати на функционалните делови, како што прстите и вратот, можни се корекции доколку има такви предлози. Паниќ-Мирчовска вели дека силиконските маски направени со 3Д-скениранње и печатење веќе се изработени и во наредниот период ќе ги добијат повредените со лузни на лицето и вратот, а за шест месеци повторно ќе прават набавка на нова компресивна облека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

