Контакт

Македонија

Тројца пратеници ќе го набљудуваат процесот на ветинг во МВР

Објавено пред

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата и предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи и го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените. Потоа преку претседателот на Собранието да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи.

Планот го изработи Работната група, во која покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.

Македонија

Татеши: Ќе ја вратиме изгубената насмевка

Објавено пред

Вчера во изборната единица 3, носителот на списокот за оваа единица, Беким Татеши, заедно со Арбен Таравари и Адмирим Алиу, од коалицијата Алијанса-Алтернатива оствари средба со жителите на село Јаболчиште.

Во оваа пригода, Татеши рече дека 15 јули ќе биде денот кога граѓаните ќе одлучат за себе и за иднината на земјата во која живеат.

„Ние одлучуваме тој ден дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад, се зависи од вас, треба да знаеме дека не сме војска, не сме оружје, не сме куршуми. Куршуми за нас се само вашите гласови, тоа што ќе го заокружите на 15 јули, тие се куршуми со кои ќе ни дадете волја, ќе ни дадете сила да работиме “, рече Татеши.

Од друга страна, Арбен Таравари истакна дека д-р Беким Татеши води достоинствена кампања и тој е во водство 3-1 наспроти кандидатот на ДУИ.

Татеши потенцираше дека промената ќе дојде токму од Јаболчиште и победата ќе биде на коалицијата АА-ААА.

„Ние ќе ги вратиме насмевката и раскошот во секој дел каде што има Албанци затоа што тие велат дека го изгубиле погледот кон тоа. Сега е време! “, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети: Нема сила што може да ја уништи идејата за премиер Албанец

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција во преставувањето на Изборната програма за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 15 јули, престојуваше во Дебар, каде претседателот на партијата, Али Ахмети пред присутните рече дека нема ниту еден неостварен сон досега, иако соништата се бескрајни.

„Ние отвараме ново поглавје кое има поддршка и понатаму ќе има и за ова сум многу сигурен. Ние затворивме едно многу сложено поглавје за ова земја, мината година зачленувајќи ја нашата земја во НАТО. Сега се отвара ново поглавје за зачленувањето на нашата земја во Европската Унија кој не е лесен предизивк бидејќи нас не очекува тешка работа, знаење и стручност. Воспоставувањето на европските стандарди во ова земја ни го забрзува нашиот пат кон членството и овие стандарди се: ветингот во сите области, почнувајќи од политичарите, пратениците, функционирите и градоначалниците, судиите, обвинителите, полицајците и командирите. Зошто сите да не поминат низ филтер. Јавно сум побарал да се отвори истрага од почеток на нашето дествување на нашето големо семејство од 2002 година до денес. Само така може да бидеме сигурни и одлучни зголемувајќи ја довербата еден кон друг„ рече Ахмети на почеток на неговиот говор.

Тој истакна дека во ова поглавје што се отвара има и од тие кои се скептични неверувајќи во остварувањето на нашите цели, при што не треба да не спречат.

„Да веруваш е доблест, храброст, нестанувајќи олеснувач главата секогаш се враќа назад кон пропаст. Ние секогаш сме верувале и тоа ни помогнало. Јас и моите соработници со кои соработуваме 30-тина години секогаш ќе бидеме Ваши гардиани, таму каде ќе имате потешкотии да знаете дека мечот на Вашите постари браќа нема да престане и секогаш ќе излезете горди. За 20 години во ова земја, Албанците инвестирале многу во младината, инвестиравме во ова богатство и сум горд за подготовките кои ги има и во секое соочување ме направија горди, каде јас сум учествувал во сите маси, нашата младина досоинствено не претстави во органите на извршната и локалната власт„, истакна Ахмети.

Идејата на премиерот Албанец, што ја иницираше ДУИ, според Ахмети нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи бидејќи идеите не можат да се убијат, тие триумфираат.

„Нисе не влеговме во трка за да се шегуваме за Првиот Премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ, ниту пак да ја збогатам мојата лична историја, бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година, тука во РСМ. Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицковски и неколку помали кои не ги познавам и не ги памтам имиња. Нашата идеја за Премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да и се случи на ова земја каде за пример може да ги земаме Кичево и Струга, наспроти многуте реакции, иако луѓето тука имаат соживот“, заврши на крај Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Објавено пред

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план, вели премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во видео порака за поддршка до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и коалицијата „Можеме“.

„Сакам да испратам порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“ што ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ. Тоа е порака која ја испраќам не само поради социјалдемократскиот идеал кој го споделуваме, туку и поради моето лично убедување дека Владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите. Пораката ја испраќам и како убеден европеист. СДСМ, така гласи кратенката на македонски јазик на партијата која ја предводи Заев, со Договорот од Преспа, стави крај на долготрајниот спор со Грција, истовремено напредувајќи кон надминување на спорот со другиот сосед, Бугарија. Тоа и овозможи на Северна Македонија да стане членка на НАТО во март оваа година и да дојде на чекор до почетокот на пристапните преговори со ЕУ“, вели Санчез.

Како од Мадрид, така и од Скопје, додава тој, нè обединува заедничката цел, дека врадностите на солидарноста, демократијата, почитувањето на човековите слободи и права се столбот на кој почива европскиот проект.

Поради тоа, вели шпанскиот премиер, сакам да ги истакнам и напорите на Владата на СДСМ во борбата против пандемијата и економските последици на кризата, настојувајќи, секој пат, да не остави никого зад себе.

„Исто така сакам да ја истакнам социјалната агенда на Владата предводена од Заев, која значително се приближи до европската социјална агенда, преку реформите на пазарот на трудот, во однос на правата на граѓаните како на пример преку Законот за заштита од дискриминација. Тоа не се политики и приоритети преземени како стратегија, туку како убедување дека само на тој начин, преку тие реформи, ќе се даде придонес за подобра иднина на општеството. Општество кое ќе биде инклузивно“, вели Санчез.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет2 часа

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ3 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет3 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот со речиси 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура3 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија3 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион18 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион19 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава20 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет20 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт21 час

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија22 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ22 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие