Македонија
Тупанчески: По 26 години добиваме нов и модерен Кривичен законик
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/1-1.jpeg)
Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик.
„Процесот на изработка на нацртот на Кривичниот законик го започнав како професор по казнено право – член на работната група, а го завршувам како министер за правда. Законите не може да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници за легитимното политичко дејствување, а казненото право како ultima ratio и највисок степен на заштита треба да биде крајната граница преку која не смее да премине никој” – рече во своето обраќање министерот за правда Никола Тупанчески.
Нацртот на новиот Кривичен законик беше објавен на сајтот на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) уште на почетокот на јули оваа година.
Поминаа повеќе од четири месеци во кои секој имаше можност да се запознае со нацртот и да го достави своето мислење и предлог. Беа добиени голем број на мислења, коментари и предлози кои внимателно беа разгледани и сè уште се разгледуваат од страна на работната група.
Целта на министерството за правда е да добиеме нов, модерен, кодифициран акт – нов Кривичен законик во кој ќе бидат инкорпорирани сите решенија и стандарди од релевантните меѓународни инструменти со кои ќе се подигне правната сигурност на граѓаните, а на практичарите ќе им биде олеснета примената на неговите одредби во функција на ефикасно правораздавање.
Во подготовката на законикот учествуваа и одреден број странски експерти кои повремено се вклучуваа во дискусиите, зависно од темата, а исклучително корисни беа и мислењата кои беа доставени по предлог-одредбите од истакнати германски професори и практичари од сферата на казненото право што беше овозможено од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ.
Значаен придонес дадоа и претставниците на другите министерства, агенции, управи, финансиски институции и други, кои на покана на министерството за правда учествуваа на состаноците посветени на казнено-правни прашања поврзани со сферата во која се надлежни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.