Контакт

Македонија

(Видео) Туфегџиќ: До каде е истрагата за загинатите планинари на Кајмакчалан

Објавено пред

Пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ, денеска за време на собраниската седница, на која се уште траат пратеничките прашања, праша до каде е истрагата за планинарите кои загинаа на Кајмакчалан. Како што рече, брзината на истрагата ја револтира јавноста и семејствата.

„До каде е сега истрагата со загинатите планинари, тоа е општествена одговорност. Прашувам во име на семејствата, да има правда и да се дознае што довело до тоа двајцата млади да ги загубат животите?“ праша Туфегџиќ.

Би ценела, рече Туфегџиќ, доколку истрагата биде наскоро обелоденета.

Истото прашање таа го постави до обвинителството уште во јули. Обвинителот Љубомир Јовевски рече дека ќе достави писмен одговор.

Двајцата планинари, 28-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски, во февруари загинаа во сило невреме кое што ги зафатило на планината Ниџе. Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување, двете тела беа извлечени и однесени во болница каде што е констатирана смрт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Директорот на СЗО Европа специјален гостин на вториот Национален форум за здравје

Објавено пред

На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети нашата земја на првиот Национален форум за здравје, кадешто активно се работеше на Акциониот план за зајакнување на националниот систем на примарната здравствена заштита (ПЗЗ).

Форумот ќе се одржи во Скопје, на 27 февруари 2020 година, во организација на Министерството за здравство и со поддршка од СЗО.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата по 12 април

Објавено пред

„Економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија“, соопшти партијата.

„Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина.Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница.Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка.Квалитетната инфраструктурна поврзаност ќе значи можност за севкупен економски развој во секој регион од државата подеднакво.По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: По носењето на Законот за ЈО, на ред е правосудството да воспостави правда

Објавено пред

„СДСМ како одговорна и демократска партија преку легитимни законски решенија создаде услови за независно и професионално правосудство.Со Законот за Јавно обвинителство креираме независен обвинителски систем преку кој овозможуваме судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка, но се создадени услови да продолжат и случаи кои се во фаза на истрага“, соопшти партијата.

Според СДСМ, во тие случаи како осомничени се главно функционери на ВМРО ДПМНЕ. Во досието „Моќник“ осомничен е Антонијо Милошоски, во предметот „Актор“ за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Во „Империја“ се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, во „Друмарина“ е Силвана Бонева, а во досието „Пациент“ со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди.

„Сега е појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски. Извршителот Христијан Мицковски не успеа во намерата да ја загрози правдата и правната држава.СДСМ ги обезбеди сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди.

Ние, како одговорна власт јавно им укажуваме дека никогаш, за ниту еден предмет нема да им се јавиме и да им сугерираме да судат спротивно на доказите. Ги охрабруваме да ги спроведат сите закони кои се донесоа во изминатите две години, а кои значат реформа во правосудството.СДСМ создаде законски услови да завладее правдата и правната држава, затоа сега редно е ослободените обвинители и судии според словото на законот и според материјалните докази да ги забрзаат сите започнати постапки“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Економија1 час

Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со брегзит доведе до пад на...

Свет1 час

(Видео) Деветмина убиени во пукање во близина на Франкфурт, напаѓачот е пронајден мртов

Најмалку девет лица се убиени, а петмина се повредени во вооружен инцидент во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт.Полицијата...

Свет2 часа

Трамп го назначи амбасадорот Гренел за шеф на американското разузнавање

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Ричард Гренел, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за Србија и Косово за...

Спорт11 час

(Видео) Аталанта го живее сонот со „уништувањето“ на Валенсија, Ред бул кошмар за Мурињо и Тотенхем

Аталанта пишува историја за своите фанови. Клубот од Бергамо во својот прв настап во Лигата на шампиони успеа да стигне...

Свет13 часа

(Видео) Пациентка свири виолина за време на операција на мозокот

Хирурзите во болницата „Кингс колеџ“ во Лондон отстраниле тумор од мозокот на една жена која во текот на операцијата свирела...

Регион13 часа

Црногорски државјанин евакуиран од Хубеи

Црногорски државјанин денеска беше евакуиран од провинцијата Хубеи во Кина, каде што се појави коронавирусот, со специјален лет на Владата...

Регион14 часа

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ15 часа

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија17 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ18 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија18 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија19 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија20 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија20 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет20 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија22 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија23 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија23 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Досие