Контакт

Македонија

Умерено облачно време со локален дожд, од утре нов влажен бран

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд, информира УХМР.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 8 и 15, а дневната ќе достигне од 23 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени.

Во наредниот период ќе преовладува променливо и посвежо време. И утре во попладневните часови ќе има појава на локален дожд.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.

Македонија

(Видео) Зоран Верушевски меѓу новите претседатели на партиските комисии на СДСМ

Објавено пред

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ, на кој присустваа повеќе градоначалници, министри, заменици и пратеници од владејачката партија.

Како што изјави генералниот секретар, Љупчо Николовски, на состанокот биле избрани повеќе нови членови на партиските комисии, а за координатор на Форумот на жени ја избрале пратеничката Снежана Калевска-Ванчева.

За претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски, за здравство Венко Филипче, за култура Роберт Алаѓозовски, за надворешни работи Едмонд Адеми, за транспорт Благој Бочварски, за информатичко општество Драган Гоцевски.

Николовски исто така соопшти дека партијата формирала и нова комисија за спроведување на политиките од концептот „Едно општество за сите“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Објавено пред

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и пратеници, беше донесена одлука за нова декларација за поддршка на раководствосто на СДСМ и власта, во насока на тоа да продолжи бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата за сите предмети и за јакнење на правната држава.

„Последните случувања покажуваат дека постои целосен заштитен механизам што функционира на релација граѓани – МВР – Обвинителство што може да се справи со крининал и корупција, а сите се еднакви пред законот“, изјави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Во однос на функционерите за кои има сомнежи во јавноста дека се вмешани во рекет, Николовски кажа дека е потребна темелна истрага за целосна борба против криминалот и корупцијата.

На прашање дали на состанокот биле присутни функционерите со псевдоними Кики и Фрики, кои се споменуваат дека се замешани во случајот, Николовски не сакаше конкретно да одговори, потенцирајќи дека состанокот се одржал во проширен состав и дека биле присутни повеќе пратеници, министри, градоначалници и членови на ЦО.

Во врска со утрешната лидерска средба, генералниот секретар на партијата рече дека ќе се одржи и дека ќе се разговара за пописот, СЈО и изборниот законик.

Како што кажа, на Централниот одбор на СДСМ не станало збор за предвремени избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети: Сите на див начин, како волци, организираат пропаганда против ДУИ

Објавено пред

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес свое обраќање имаше лидерот на партијата, Али Ахмети, кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, истакна претседателот на партијата.

Ахмети рече дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.

„Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, посочи тој.

Во излагањето се задржа и на тоа што ДУИ го направила за Албанците во земјава.

„Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, на сè што е направено, не само напишаното, но и документираното во сите области на дејствувањето, од националното знаме до унивезитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво“, посочи Ахмети.

Воедно истакна дека ДУИ како движење има цврста историја затоа што е дел и продолжение од отпор пред освојувачите и оние кои, како што рече, сакаат да ги искоренат Албанците од оваа земја.

„Останува оваа обврска, ова богатство, дека народите и граѓаните со фанатизам ги чуваат изградените вредности. Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. Но и ние треба со фанатизам и со голема посветеност да ги зачуваме и збогатиме овие вредности, но да не ги засрамиме ни нашите предци, ниту нашите соборци, затоа што човек од лакомост може да направи и погрешни потези, но ние секогаш треба да го имаме компасот затоа што потекнуваме од една организација и механизам што има пролеано крв и безбројни жртвувања“, истакна лидерот на ДУИ во рамките на неговото обраќање на Изборното собрание на ДУИ во Сарај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет10 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет12 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ14 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион16 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија17 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија19 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет20 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија21 час

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа21 час

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа1 ден

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија2 дена

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет2 дена

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ2 дена

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Досие