Контакт

Македонија

УНЕСКО ќе го става Охрид на листата на загрозени светски вредности, општината тврди дека работела посветено

Објавено пред

Извештајот на УНЕСКО препорачува Охридскиот Регион да биде вклучен во списокот на загрозени светски вредности.

dobivaj vesti na viber

Извештајот од околу 100 страници за состојбата во регионот е испратен до сите државни институции во рамките на нејзината надлежност и ја одразува состојбата на теренот со сите пропусти, грешки, како и неисполнети обврски за подобрување.

Според документот, што го објави МИА, властите на централно и на локално ниво не ги исполниле преземените обврски во 2017 година за намалување и елиминирање на идентификуваните закани за заштитеното подрачје. Напротив, дури и се посочуваат примери на продолжување на практиките на постапување спротивно на предупредувањата посочени во Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.

Постојат планови и проекти што не се во согласност со статусот на УНЕСКО и се развиваат. Регистрирани се нови закани поврзани со управувањето со институциите, покрај недоволната примена на законските одредби. Ова доведе до негативни последици во планирањето и развојот, вклучувајќи предлози за мегаломански проекти, што доведе до нарушување на природната и урбаната слика на градот и поширокото заштитено подрачје, со што Охридскиот Регион ги исполни условите за вклучување во списокот на загрозени светски вредности на УНЕСКО.

Меѓу проблемите идентификувани во извештајот се прекумерната и неконтролирана урбанизација, доцнењето во работата со дивоградба и на крајбрежјето и во заштитеното урбано подрачје, но и дерогирање на животната средина, нефункционалниот колектор, отсуството депонија за цврст отпад.

Населението исто така нема одговорен однос кон светските културни и природни вредности. Регистрирано е отстранување на отпад на диви депонии, поставување соларни панели на куќи во стариот дел на Охрид, што го нарушува автентичниот изглед, како и поставување урбана опрема и тенди со различен изглед и боја во непосредна близина на културните вредности и спомениците на културата.

Не се поштедени ниту институциите формирани да се грижат за спомениците на културата и природата, се вели во извештајот.

Документот содржи голем број препораки за дејствување, од кои некои треба да се спроведат веднаш, додека на други им се дава рок.

Итно е да се продолжи со процесот на отстранување на дивоградбите од крајбрежјето на езерото, со изготвување регистар на дивоградби во сите општини во регионот и воведување вистински мораториум за градба до донесување на нови одржливи урбанистички планови.

Охрид: За само 18 месеци направивме значајни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО

По објавувањето на извештајот, општина Охрид реагира дека во изминатите 18 месеци континуирано била посветена на заложбите за имплементирање на сите препораки на УНЕСКО и успеала да направи многу значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот Регион.

„Првпат е донесен сеопфатен План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, кој ги има опфатено сите аспекти во делот на управувањето со езерското крајбрежје, урбаните и руралните средини. Беа стопирани штетните проекти за изградба на ски-центар на планината Галичица и изградба на експресен пат Охрид-Св. Наум. Започна реконструкцијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро и формирано е ново Јавно претпријатие кое е задолжено за контрола на системот на отпадни води. Исто така, првпат е воспоставена платформа за соработка со Република Албанија за заштита на сливот на езерото во двете соседни држави“, велат од Општина Охрид.

Потсетуваат на изготвениот Инвентар на бесправно изградени објекти и воведениот времен мораториум за градба на целата територија на општината.

„Првпат по 17 години беа спроведени низа активности за отстранување бесправни градби во делот на крајбрежниот потег и на неколку други локации. Активностите за отстранување на дивоизградените објекти ќе продолжат и во текот на наредниот период. Сите градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети“, додаваат од општината. Оттука велат дека е воспоставен сообраќаен режим во стариот дел на градот, како и воведување постојана пешачка зона на дел од улицата „Кеј Македонија“. Ја споменуваат и Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје, но и отстранувањето на рекламните билборди и неавтохтони палми.

„Исполнувањето на препораките на УНЕСКО продолжува да биде еден од најважните приоритети на Општина Охрид, а целокупниот процесот за спроведување на активностите, кои се во интерес на зачувување на светското природно и културно наследство, остануваат важен дел од работната агенда на градоначалникот Константин Георгиески и надлежните општински служби“, се наведува во соопштението на Општина Охрид.

Македонија

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција

Објавено пред

Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.

dobivaj vesti na viber

Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.

Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.

Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.

За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.

Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.

За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Објавено пред

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.
ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет“.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, нагласуваат од ЦУК, е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.

„Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.

Состојбата, според ЦУК се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.

„Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор...

Свет8 часа

Путин: Планот на Трамп може да биде основа за решение на конфликтот во Украина

Москва го има текстот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на спорот, кој би можел да биде...

Топ8 часа

Српски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето...

Свет9 часа

Трамп: Четврток е соодветниот рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти четврток, 27 ноември, е соодветниот рок за Украина да го прифати...

Регион9 часа

Припаѓате во ЕУ со полнo правo: Кос до земјите од Западен Балкан

Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос, наведувајќи дека државите од...

Македонија14 часа

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија14 часа

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...

Топ15 часа

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...

Македонија15 часа

(Видео) Манасиевски: Со барањето за зголемување на платите еден судија би примал 160.000 денари, а претседател на суд 360.000

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае...

Свет16 часа

Европа за планот на Трамп за Украина: „Тоа е списокот на желби на Путин“

Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор, што е во корист на Москва,...

Свет17 часа

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно побргу да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија18 часа

ЦУК: Поради обилните врнежи, зголемени водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија19 часа

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....

Македонија19 часа

„Албанската опозиција денес личи на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа20 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет21 час

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон-зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет21 час

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет22 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка; Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет22 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедското месо, какаото и на овошјето

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија1 ден

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....