Македонија
Претреси имаше кај повеќе лица од Скопје и Делчево поврзани со ЕВН, соопшти Финансиската полиција
Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, врши проверки во рамките на предистражна постапка, а по претходно добиени сознанија за извршени сомнителните трансакции на парични средства помеѓу „ЕВН Електрани Македонија“ ДООЕЛ Скопје и повеќе физички лица, соопштија од оваа институција.
„Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територијата на град Скопје и во Делчево, меѓу кои вработени лица во ‘ЕВН Електрани Македонија’ ДООЕЛ Скопје и ‘ЕВН Македонија’ АД Скопје, а со цел пронаоѓање докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела“, информира Управата.
Додаваат дека целосно ги демантираат и отфрлаат изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, а не е ни кај некој друг претставник на политичка партија.
„Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ‘ЕВН Електрани Македонија’ ДООЕЛ Скопје и ‘ЕВН Македонија’ АД Скопје“, потенцираат од таму.
Апелираат Управата за финансиска полиција да не се злоупотребува за политички цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

