Македонија
Утврдени протоколите како ќе се одвива наставата во училиштата

Министерот за здравство на прес-конференција ги соопшти протоколите според кои ќе се одвива наставата во училиштата. Тој нагласи дека е многу важно да се почитуваат мерките за заштита и дека родителите треба да разговараат со своите деца и да им ја нагласат важноста на истите.
Филипче рече дека на влезот во училиштето ќе им биде мерена температура на учениците и дека оние кои ќе имаат покачена телесна температура нема да им биде дозволено да влезат.
Учениците од прво до трето одделение ќе можат да присуствуваат на наставата единствено ако немаат покачена телесна температура.
„На сите ученици и вработени при влез во училиштето ќе им се мери температура. На оние со покачена температура нема да им биде дозволен влез“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на која ги презентираше протоколите за основните и средните училишта.
Ќе има распоред за влез различен за секое одделение, за учениците од различни одделенија да не се сретнуваат.
„Вработените во училиштата ќе мораат да носат маска и да ја одржуваат препорачаната дистанца. Забрането е поздравување со физички контакт. Најмногу 20 ученици со растојание од еден и пол метар меѓу децата. Доколку има услови за настава на отворено, може да не се носат маските“, рече Филипче.
Родителите нема да смеат да влегуваат во училиштата, освен за децата со попреченост на кои им е потребна асистенција.
Пред да се влезе во организиран превоз, на децата ќе им се мери температурата, а оние со покачена ќе бидат враќани дома.
„Првиот училиштен ден ќе биде посветен на запознавање на учениците со препораките за спечување на ширењето на коронавирусот, а во училиштата ќе има задолжени вработени кои ќе го одржуваат редот кога учениците ќе го користат тоалетот“, најави Филипче.
Забрането ќе биде влегување на други лица, додека се децата во училниците.
Според Филипче, препораката што ја даде Комисијата за заразни болести е во контекст на максимална претпазливост и превенција од понатамошно ширење на епидемијата.
Филипче истакна дека интензивно работеле и ги разгледувале искуствата од другите земји каде наставата веќе е започната, а некаде и прекината брзо по почетокот на учебната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.