Македонија
Утре променливо облачно и студено, на некои места со врнежи од снег
До 16 часот денеска, на Попова Шапка биле измерени 60 сантиметри снег, 47 сантиметри на Маврови Анови, во Лазарополе има 36 сантиметри, 25 во Пожаране, 18 во Виница, 10 сантиметри снег има во Берово, 8 во Тетово и Крива Паланка, 3 сантиметри снег има во Струмица и Претор.
До крајот на денот ќе биде облачно, на југот и југоистокот со врнежи главно од снег. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, што ќе се задржи и во текот на ноќта.
Утре, се очекува променливо облачно и студено време. Наутро на југоистокот сѐ уште ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 6 степени.
Во наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен по должината на Повардарието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

