Контакт

Македонија

Утре студено и ветровито време, на планините слаб снег

Објавено пред

Времето утре наутро ќе биде студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Понекаде воповисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Поради продор на студен воздух денес од крајот на денот и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.

Од утре дневната температура значително ќе се намали, а од недела повторно ќе биде стабилно, но со пониски утрински температури, кои во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под -5 степени.

 

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара оставки по снимките од битолската болница

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара остака од директорката на битолската болница Билјана Гагачовска, министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев по фотографиите од битолската болница на кои се гледа како пациент прима инфузиска терапија легнат во просторија со починати, но и снимките кои ја прикажуваат состојбата во здравствената установа.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски оцени дека во македонските болници владее целосен хаос и безредие, а власта мочи пред реалната слика. Стоилковски на прес-конференцијата сподели видео од болницата.

„Снимката на социјалните мрежи од битолската болница, во која владее хаос, безредие и нехумани и недостојни услови за престој, повторно посведочија пред јавноста“, рече Стоилковски, коментирајќи го видеото.

„Овој ужас од фотографиите се обидуваат да го сокријат, да не се види нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта, да мине без реакција и одговорност за тоа што го посведочи цела македонска јавност, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на други два пациенти им се дава инфузиска терапија. Битолската болница на смртта е објект во кој што пациентите се омаловажени, треба да користат санитарни јазли како да се во севернокорејски затвор, а не во болница во Европа“, изјави Стоилкосвки.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Aрсовски: Заев втор ден бега од одговор што точно понуда пратил до Бугарија

Објавено пред

„Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.

„Неговата ‘патлиџан’ дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез. Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени? Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции? Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?
Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми? Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?

Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Жените жртви на насилство не се сами, преку институциите ја имаат нашата најголема поддршка

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска се обрати на настан по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените. Тој истакна дека ситуацијата со Ковид-19 значајно ги погоди здравствените системи, кај нас, во околината и секаде во светот. Една криза за која ниту еден здравствен систем не беше димензиониран и се презедоа активности на реструктурирање и реорганизација на целокупниот здравствен систем.

„Бевме сведоци дека оваа криза не само што ни дава еден таков предизвик за третман на пациентите со Ковид-19, дава и некои други специфики, кои се повеќе и повеќе излегуваат на виделина. Имено, очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото. Изолацијата за време на долгите карантини, сепак и според резултатите од Клиниката за психијатрија резултираа со зголемен број од семејно насилство. Разговарав со директорот на психијатриската клиника, секојдневно се регистрираат вакви случаи. Нивната онлајн амбуланта е преоптоварена со повици и тоа трае од почетокот на кризата, од март месец. Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство“, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30% е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година.

Филипче, информираше дека и претходно, пред Ковид-19 кризата во инклузивен процес, во соработка со сите институции и сите граѓанските организации се отворија три центри за третман на жртви на насилство во гинеколошко-акушерската клиника, во болницата во Тетово и болницата во Куманово.

„Тоа се центри коишто се целосно опремени од медицински аспект. Работат тимови од гинеколози, психолози, социјални работници, кои се на повик 24 часа и експерти од областа на судската медицина. Еден од најголемите предизвици со кои здравствените работници се соочуваат е жените кои се јавуваат на преглед практично да го признаат тоа. И треба многу вештина во пристапот, во разговорот, во отвореноста, затоа што во огромен број случаи сè уште за жал постои страв. Ова е процес којшто планираме да го продолжиме. Оваа криза одложи проекти, планови, меѓутоа секако планираме такви центри да има посебно во големите болници ширум државата. Жените знаат каде може да се обратат, сигурни се дека може да добијат соодветна стручна помош, а ние сите заедно да работиме на подигнување на свеста, заедно институциите, медиумите, граѓанските организации се со цел вакви случаи да има се помалку“, изјави Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени низ здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера...

Култура2 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа3 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет3 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија4 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион4 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа4 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет5 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет5 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет6 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет6 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија17 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет18 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет19 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија19 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа19 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет20 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие