Македонија
Утрото променливо облачно и студено, преку денот сончево

Времето денеска, утрото променливо облачно и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.
Во Скопје утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во наредните денови, следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Обвинителството, тие се осомничени дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.
„Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет полициски службеници. Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07.12.2012 година до 21.01.2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност“, соопшти Обвинителството.
Според описот содржан во наредбата за спроведување истражна постапка, осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во погоренаведениот временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.
„Јавниот обвинител ценејќи ги околностите и доказите прибавени во предистражната постапка, а заради непречено водење на кривичната постапка и заради обезбедување присуство на осомничените, на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје ќе предложи на седуммина осомничени да им определи мерки на претпазливост. Останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка“, соопшти Обвинителството.
Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција продолжува со предистражни дејствија во насока на откривање на нови лица инволвирани во случајот.
Македонија
Општина Аеродром спроведува пролетна дератизација

Општина Аеродром деновиве спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија.
Со дератизацијата се опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, како и сите основни училишта и детски градинки.
Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.
Македонија
Маж од Липково со „бмв“ возел 96 километри на час, на место каде што е дозволено 40

Полицијата го приведе Л.И.(22) од село Липково поради брзо возење.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со брзина од 96 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.