Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска, со студено утро, по одделни котлини со слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николова: Образованието не смее да зависи од тоа кој е на власт и од политичари кои ќе сметаат дека светот започнува со нивниот мандат
Образованието е надпартиска и надетничка тема, значајна за целото општество но пред се за младите и нивната идина.
Затоа законите поврзани со образованието мора да бидат прашање на консезус во Собранието. Тој консензус се постигнува само со дијалог меѓу сите, и во ниеден случај не се постигнува со деструктивни тактики за исклучување на јавноста и на стручната фела, каков што е сега на сила турка измени власта на ДПМНЕ и Мицкоски, истакнува Даниела Николова – пратеничка на СДСМ.
„Образованието на нашите деца е многу сериозна тема за да се менува без знаење и вклученост на сите кои се засегнати. Квалитетот на образованието не смее да зависи од тоа кој е на власт и од политичари кои ќе сметаат дека светот започнува со нивниот мандат.
И затоа е жално што сегашната Влада реши да ги повлече пакетот закони од областа на образование кои веќе беа влезени во собраниска процедура на почетокот на 2024 година, го поминаа првиот филтер на комисијатана, на кој се донесе и заклучок за организирање на јавна расправа. Образложението за повлекување на законите од процедура, министерката Јаневска го образложи со тоа дека го подобриле текстот на Законите. Но, она што го добивме како текст на законите е уназадување на предлог решенијата, одземање на правото на глас на средношколците, озаконување на дискриминацијата, враќање назад на процесот на инклузија во образованието, вклучително и на децата со попреченост“, вели Николова.
Според неа, Комисијата за образование, наука и спорт, како и министерката Јаневска, не покажале демократски капацитет и не го прифатиле нивниот предлог за јавна расправа по сите Закони кои беа ставени на дневен ред, односно 6 од кои 5 се сосема нови.
Со тоа, како што посочува, ја исклучиле јавноста и стручната фела да ги искажат своите мислења и аргументи.
„Токму затоа сосема очекувана беше реакцијата од стрчуната фела како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот по педагогија при УКИМ и граѓанските организации кои се занимаваат со оваа проблематика.
Во Законот за средно образование отсуствува можноста за организирање на средношколците на национално ниво што значи давање глас во одлуките кои ги засегаат. Ова значи враќање на режимското време од кое се роди средношколскиот пленум.
На кого му смета гласот на средношколците?“, прашува таа.
Напоменува дека Социјалдемократскиотсојуз одамна ја апсолвира потребата за нови закони за образование.
„Во минатиот мандат предложивме измени кои сегашната власт ги блокираше. Но ние и тогаш, како и сега, велиме дека за образованието мора да има јавна дебата и консензус. Ние имаме демократски и државнички капацитет и можеме низ разговор да ги прифатиме добрите решенија но, не ги прифаќаме уназадувањата. Време е власта да сфати дека ова општеството не се враќа назад. Ние не се враќаме назад. Изградивме механизам кој ги штити најранливите, и нема да дозволиме негово отстранување. Спремни сме да разговараме низ дијалог во Собранието, вклучувајќи ги сите засегнати страни да донесеме заедничко и добро решение кое нема да дискриминира“, потенцира Николова.
Македонија
Кривична за Рамиз Мерко: без оглас именувал директор на училиште кој немал соодветно образование
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик.
Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.
Македонија
Директорите на Фондот за иновации од СДС го оштетиле за над 400.000 евра, според ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, директорите на Фондот за иновации од СДС Коста Петров и Фестим Халили го оштетиле за над 400.000 евра.
Во трите случаи за кои ФИТР поднесе кривична пријава против двајцата поранешни директори, утврдено е, како што нагласуваат од владејачката партија, неправилно користење на парите од грантот, за што истите не реагирале.
„Покрај тоа што ФИТР во време на СДС исплатил скоро 400.000 евра на Фротирка АД Делчево за набавка на машини за ткаење, наместо за некаква иновација, тогашниот директор ги исплатил сите средства без проектот да биде барем 70% реализиран. Потоа истиот не реагирал ниту кога се подигани готови пари од наменска сметка за проектот, наместо од истите да се купат машините за кои е добиен грантот.
ФИТР е користен за испумпување на пари“, потенцираат од партијата на Мицкоски.
Наместо за реални иновации и технолошки развој, според ВМРО-ДПМНЕ, пари се давале за набавка на машини за ткаење, за тренирање магариња, за рецепт за пици итн.
Одговорност за безобразната злоупотреба на народни пари преку ФИТР ќе има, велат од партијата на власт.