Контакт

Македонија

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Објавено пред

Уште четири лица се приведени во Македонија како дел од акцијата што почна во декември, а се однесуваше на тероризам.

На пет локации во Скопје и Гостивар извршени се претреси на дом и други простории, при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења.

„Акцијата е резултат на преземените дејства на лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителсво за гонење организиран криминал и корупција, при што се откриени повеќе групи на социјалната мрежа ‘Телеграм’, во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови“, велат од Обвинителството.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело терористичка организација.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување мерка притвор за сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Најново

Македонија52 секунди

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура13 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија19 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија44 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија56 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника2 часа

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...