Македонија
Фетаи бара притвор за Поповски
Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, поради можноста од бегство и привршување на друг судски предмет, побара судот да обезбеди присуство на осудениот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР, алудирајќи на бегството на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Грција.
Одбраната на Поповски побара судот да не го прифати барањето за притвор и да ја земе предвид неговата влошена здравствена состојба и тоа што е семеен човек. Адвокатот Стерјо Зиков рече дека казната е превисока и дека не постојат основи за да биде притворен затоа што Поповски редовно се јавувал на сите рочишта. Рече дека ќе ја обжалат пресудата пред Апелациониот суд. Адвокатката Сања Алексиќ, како дополнителна причина да не му биде определен притвор на Поповски, рече дека неговиот целосен имот е замрзнат.
Поповски е осуден на 9 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

