Македонија
Филипче е само континуитет на лошите политики на Заев за кои и самиот тврди дека ќе ги продолжи, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче не само што не се огради и дистанцира од политиките на Заев туку тој самиот признава дека сака да биде како Заев. Венко Филипче е продолжена рака на Заев и континуитет во катастрофалните политики на Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Политиките на Филипче, како што додаваат, не се ништо друго освен како и до сега, како што и самиот тврди „Ние водевме добри политики“.
„За Филипче добри политики се политики хаосот во здравството што го направија, креирањето на криминалните шеми на Онкологија од кои профити имаа Филипче и блиските до него.
Филипче ги смета за добри политики и практики тоа што ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и недостаток на медицински кадар.
За Филипче добри политики се тоа што се договараа тендери во четири очи.
За Филипче добри политики се тоа што СДС дозволи корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството а криминалот енормно да се прошири.
За Филипче добри политики се тоа што СДС ги остави учениците без учебници студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производството“, нагласуваат од оваа партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче нема идеи, визија и стратегија за развој и унапредување на државата освен да ги копира лошите политиките на Заев кои го уништија животниот стандард на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

