Македонија
Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација
Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари се пријавени многу мал број на граѓани од Гостивар и регионот кои спаѓаат во првата категорија за вакцинација над 70 години. Околу 1.500, близу 6.000 граѓани.
„Апелирам до матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат своите граѓани над 70 години со хронични болести. Граѓаните да се пријавуваат и да ги внесуваат во системот „Мој Термин“, заради тоа што тие ќе бидат првите за вакцинација веднаш после здравствените работници“, рече Филипче.
Тој информираше дека лекарите и медицинските сестри од овој град кои работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани.
„Мислам дека со интензивна комуникација со матичните лекари, преку кампањата која следува треба да се подигне свеста. Тоа е единствениот начин со којшто ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент, ситуацијата во Гостивар е навистина стабилна, под 10тина хоспитализирани пациенти. Но, тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат и да не се носат маските, да се држи дистанца. Се надевам дека граѓаните ќе се приджуваат во мерките, посебно сега кога има зголемен број на пациенти со британскиот сој“, потенцираше Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

