Македонија
Филипче: Медицинските работници и здравствените капацитети во целосна мобилизација – никој нема да остане без здравствена заштита
Министерот за здравство, Венко Филипче, по деветтата седница на Советот за безбедност за актуелната ситуација со пандемијата на Kовид-19 во земјава, на новинарско прашање истакна дека целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација.
„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники. На списокот на лекари, на медицински сестри практично се сите вработени лекари, медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Најпрво, со оглед на тоа што модуларната болница е речиси исполнета, во Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките на повеќе интерни клиники. Во Клиниката за дерматологија, Клиниката за неврологија, којашто има пристап до централен довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и кадарот е целосно ставен во истата ситуација, мобилизација како тука во Клиничкиот центар“, потенцираше Филипче.
Тој рече дека дополнителни одделенија веќе се спремни и во Градската општа болница „8 Септември“ има доволно болнички легла, кадарот е спремен да работи со пациенти со Ковид-19.
„Граѓаните треба да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита, без лекарска услуга. Дозволете да апелирам да се почитуваат новите мерки. Вчера се изгласа измената на Законот за заштита на населението од заразни болести, мерките коишто се сега на сила се мерки коишто се практично имплементирани во цела Европа. Ограничениот капацитет на пополнување во јавниот превоз, задолжителното носење маски на отворено, понатаму затворањето на угостителските објекти по 23 часот, препораката да се работи од дома и онлајн е нешто што доколку се почитува може сериозно да ја намали трансмисијата на вирусот“, изјави министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.
Македонија
(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.
ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет“.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, нагласуваат од ЦУК, е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.
„Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.
Состојбата, според ЦУК се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.
„Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции“.
Фото: принтскрин

