Македонија
Филипче: Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани против коронавирус

Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
„Вчера, стигна писмото за најава од страна на Ковакс-механизмот дека е можно вакцините преку овој механизам да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Ние вчера ги пративме и аплициравме со сите документи во однос на спремноста, а тоа се анализата и евалуацијата што ги правевме на нашиот систем заедно со СЗО и практично веќе аплициравме да бидеме во првата група земји во согласност со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здравје да бидеме во првата група земји што би ги примиле вакцините“, рече Филипче.
Крајниот рок за пријавување е 18 јануари и дури потоа ќе се знае точно кога би пристигнала пратката со вакцини.
„Според нивното писмо, станува збор за вакцината на ‘Фајзер’, а следна што доаѓа предвид е на ‘Астра зенека’“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бектеши: Oпозицијата да не го блокира заемот од Светска банка кој е во интерес на граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара од пратениците што поскоро да го усвојат Законот за задолжување во Светска банка и ја повика опозицијата да не ги кочи законите кои, како што кажа, значат поддршка за компаниите и за граѓаните.
„Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светска банка кој што е пратен до Собранието каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму е предвидена и техничка помош за одредени институции во државата. Законот е блокиран од страна на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци“, кажа министерот во однос на Законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност.
Министерот побара и побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од петтиот сет.
„Што се однесува до законите кои произлегуваат од петтиот сет мерки јас сум убеден дека ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници бидејќи тие се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор и има мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава“, посочи Бектеши.
Македонија
Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела.
„Еве, јас знам кога ќе пристигнат вакцините, но како да кажам ако не стигнат тогаш, ајде сепак ќе ви кажам“, колебајќи се ја сподели информацијата.
Досега единствените вакцини со кои располага Македонија се вакцините од „Фајзер“, кои ги добивме како донација од Србија и служат единствено за имунизација на здравствените работници од ковид-центрите.
Македонија
Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во полиција ја пријавиле докторите што ја направиле операцијата, а на кои им дала дел од парите, бонбониерата и пијалакот.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против сестрата на возраст од 54 години за примање награда за противзаконито влијание.
„Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.9.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија, од синот на пациентка што требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалак, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Кога ѝ биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а кесата со преостанатите 150 евра, бонбониерата и пијалакот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во кесата, настанот го пријавиле во полиција“, сопшти Овинителството.
Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер