Македонија
Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка
Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој, што се одржува во Атина, Грција. Конференцијата е заедничка платформа на Фондацијата „Заев“, „Едно општество за сите“ и Институтот „Алексис Ципрас“ од Грција, организирана по повод шестгодишнината од потпишувањето на договорот од Преспа во 2018 година.
Договорот од Преспа претставува историски момент на лидерство благодарение на кој спор беше трансформиран во соработка.
Ова го истакна д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Заев“, „Едно општество за сите“, во своето обраќање на отворањето на меѓународната конференција за мир и одржлив развој, што се одржува во Атина, Грција.
„Договорот од Преспа е доказ дека дури и најтешките спорови може да бидат решени кога лидерите како приоритет го имаат заедничкото добро за сите. Тој нè потсетува дека вистинското лидерство не значи само задржување на власта, туку и негување доверба и градење мостови“, рече Филипче во своето обраќање.
Конференцијата, како платформа за соработка воспоставена од Фондацијата „Едно општество за сите“ и Институтот „Алексис Ципрас“ од Грција ја реафирмира споделената посветеност за негување свет во кој единството, мирот и одржливиот развој не се само идеали, туку и реалност во која живееме, потенцира Филипче.
„Нашето мото „Едно општество за сите“ има длабоко значење во време во кое силите на поделбата се во пораст. Нашата сила е во различноста, а инклузивноста е камен темелник за просперитетна иднина. Нашиот колективен успех лежи во способноста да се обединиме, да ги негуваме различностите и да работиме неуморно за создавање на општествово каде што се вреднува секој човек“, истакна Филипче.
Работејќи заедно за идеалите како мир, оджлив развој и единство оставаме наследство за идните генерации – наследство со кое можеме сите да се гордееме, завршува Филипче.
Дводневната конференција се одржува по повод шестгодишнината од потпишувањето на договорот од Преспа.
На неа учествуваат политичари, експерти, премиери, поранешни шефови на држави и премиери, европски комесари, академици од Европа, Балканот, како и специјалниот претставник на ОН за прашањето за името, Метју Нимиц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

