Македонија
Филипче: Растат платите, а лековите се достапни секој ден од месецот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/Трибина-Гостивар-2-1.jpg)
Пред 2,5 години се соочивме со обесправени доктори и медицински сестри кои учат германски за да заминат во странство, пациенти со ретки болести без лекови, дијабетичари кои не знаат каков инсулин примаат, по две новороденчиња во еден инкубатор, истакна министерот за здравство и претседател на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гостивар.
„Почнавме да инвестираме првенствено во луѓето, пред се во младите, за да останат тука да се едуцираат. Дадовме над 5 илјади согласности за вработување за 2 години и нема здравствена установа во земјата, каде бројот на вработени не е зголемен за најмалку 10 отсто“, рече Филипче.
Платите беа ниски, со дежурства за смешен надомест и затоа почнавме процес на зголемување на платитие. Минатата година надоместокот за дежурства се триплираше до највисоките 7.200 денари, нагласи Филипче.
Тој додаде дека за 2,5 години платите на лекарите специјалисти се зголемени на 40 отсто, над 23 проценти на медицинските сестри, на младите лекари за над 25 отсто, на здравствени соработници над 15 проценти.
„Нема повеќе турски инсулин, нема лекови без сертификат, нема сомнителни лекови, но има три нови видови на лекови за дијабетес, се зголеми буџетот за вакцини и за 6 месеци ставивме крај на епидемијата на сипаници“, нагласи Филипче.
Тој додаде дека повеќе нема квоти во аптеките, нема гужви и турканици, паника дали ќе се најде лекот, сега секој ден во месецот ги има лековите и истовремено не се зголемија трошоците.
„Освен голем број на вработување во гостиварската болница дадовме над 20 специјализации и се реновираа операциските сали, кои се опремени со најдобра хируршка, а идната година ќе биде набавен апарат за магнетна резонанца“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.