Контакт

Македонија

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Објавено пред

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.

„Според мое стручно мислење од информациите кои ги има мислам дека состојбата е стабилна“, кажа Филипче.

Мицкоски вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.

„Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас. Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Арсовски: Една недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви

Објавено пред

Цела недела молк од институциите за вмешаноста на нарко картелот Заеви во нарко трафикингот на марихуана, кој беше спречен и пресечен од американската агенција ДЕА, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Цела недела молк и од Оливер Спасовски за неговите потрчковци началници и командири на полициски станици и се уште не поднесува никаква одговорност за дејствувањето на истите.

Кире Чипсио Спиркоски, близок човек на Оливер Спасовски и Зоран Заев, командир на полициската станица Прилеп, која е една од најголемите во градот, редовно на слики до Заев и Спасовски, беше уапсен заедно со возачот на Трајче Заев за над 800.000 евра марихуана, а Трајче Заев и Бобан Заев отидени во Дубаи, а Оливер Спасовски повторно не понесува никаква одговорност“ изјави Арсовски.

Според него, единственото нешто што Спасовски може да направи за почеток е да даде оставка, затоа што, како што вели, во нарко трафикинг му е вмешан командир на една од поголемите полициски станици во Република Македонија.

„ Срамота е Оливер Спасовски да излегува на јавни настапи и да говори недоветни и нереални работи, бидејќи сите знаат што се случува во државата, а да не говори за најважното во моментов, а тоа е кога ќе си поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи. Бидејќи е заглавен во криминал до гуша и повеќе таму не му е место.

Ако ги погледнеме командирите и началниците низ градовите кои ги поставил Оливер Спасовски, на чело со Кире Чипсио Спиркоски кој го уапсија, па да продолжиме со велешките командири и началници, па битолските, струмичките, кумановските, штипските, повеќе од јасно е зошто ги штити Оливер Спасовски и Зоран Заев. Овие луѓе им е допуштено да прават што сакаат во нивните места, затоа што ова е партиската војска на СДСМ која во време на изборните процеси малтретираат, поткупуваат и местат изборни резултати. И ова е јавна тајна“ порача Арсовски.

Тој нагласи дека тоа се луѓе кои на Спасовски му е поважно да прават нелегални дејствија, наместо да се борат против криминалот и криминалците. Всушност не само што не се борат, туку сите од врвот на СДСМ, па до најниските структури се вмешани во криминал до гуша, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Мора да ја добиеме заслужената валидација од ЕУ преку одобрување на преговарачка рамка

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, работната посета на Република Австрија ја започна со средба со федералната министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.

Соговорниците ја потенцираа потребата од ефектуирање на минатогодишната безусловна одлука на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на пристапните преговори. Димитров се заблагодари за активното залагање на Австрија за приоретизирање на прашањето за Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ и се осврна на континуираните резултати во клучните реформски области заедно со посветеноста на земјата за надминување на наметнатите предизвици во контекст на преговарачката рамка.

„Северна Македонија мора неодложно да ја добие долгоочекуваната и заслужена валидација преку одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција. Потребни се одлучни чекори за да се врати силата на европската визија во регионот. Придвижувањето на евроинтегративниот процес ќе значи зголемена доверба, влијание и предвидливост на европската перспектива согласно австриската позиција дека нема друга алтернатива за процесот на проширување со Западниот Балкан, а ќе внесе позитивна динамика и нова енергија неопходна за унапредување на имиџот на ЕУ како стратешки актер“, рече Димитров.

На средбата како што информираат од неговиот кабиент била потврдена континуираната принципиелна поддршка од австриска страна, но и личната заложба на министерката Едштадлер за отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата и биле разменети мислења во однос на натамошните чекори за реализирање на европската перспектива на земјата и техничката помош од Австрија во таа насока.

За таа цел, беше потврдено прифаќањето на поканата за возвратна посета на министерката Едштадлер, што треба да биде реализирана на почетокот на мај годинава. Воедно, беше разговарано и за стратегијата за вакцинација и беа разгледани можностите за зголемување на помошта во справување со Ковид-19 пандемијата, потенцираа од кабинетот на Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Коциќ: Со законски измени ги ограничуваме трошоците за лекување од Ковид-19 во приватните болници

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ на прес конференција потсети дека Владата предводена од СДСМ ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита.

Преку овие измени како што објасни Коциќ, трошоците за дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти ќе се се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари.

Според пратеникот од СДСМ, овие чекори се преземаат за да се овозможи здравствените услуги во приватните болници да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.

Покрај ова, додаде тој, со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземање на здравствени работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.

„Истовремено, предвидени се и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби. Измените на Законот за здравствена заштита во Собранието наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието. Како парламентарно мнозинство, ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие измени со кои цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски поиздржливи за сите граѓани“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион3 часа

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион3 часа

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа4 часа

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет4 часа

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени откако избувнал пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија5 часа

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Македонија17 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион17 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија20 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија21 час

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија22 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија23 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија23 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија1 ден

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија1 ден

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион1 ден

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа1 ден

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ1 ден

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија1 ден

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа1 ден

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Досие