Македонија
Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС по изборите на 8 мај кога граѓаните им дадоа црвен картон, наместо да наоѓа начин за консолидирање, бара начин за факторизирање на општествената и политичката сцена, без работа на терен“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС комплетно се лаже дека барањето за лидерска средба, ќе го направи Филипче лидер.
Филипче треба да знае дека ниту Заев, ниту лидерска средба нема да го направи лидер на опозиција.
Филипче најдобро да си излезе на терен и да се соочи со реалната ситуација, а тоа е негативното мислењето на народот за нив.
СДС ако толку многу сакаат да зборуваат за некоја тема, слободно можат тоа да го направат во парламентот, ама со оглед на тоа што немаат што да кажат апсурдно повикуваат на лидерска средба преку медиумите, се со цел да се факторизираат.
На сите им е јасно дека СДС е на колена, дека е партија без кредибилитет, која се занимава само со криминални политики, и која направи грабеж и банкротирање на државата“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

