Македонија
Филипче 2 месеци ги криеше добитниците на тендерот од 26 милиони евра за набавка на инсулин
Фирмите „Д-р Пановски“ и „Феникс фарма“ добија најголем дел од големиот тендер вреден 26 милиони евра за набавка на инсулин, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи за периодот септември 2018-септември 2020. Иако договорите се склучени во декември минатата година, истите до Бирото за јавни набавки биле доставени дури вчера откако редакцијата на „Макфакс“ ги побара од Министерството за здравство, а на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки беа објавени денеска.
Од вкупната сума од 1 милијарда 648 милиони и 735 илјади денари, најголем дел доби „Феникс фарма“. односно 586 милиони и 219 илјади денари или 9.5 милиони евра. „Д-р Пановски“ доби втор најголем дел од колачот, 407 милиони и 730 илјади денари или 6.6 милиони евра. Понатаму следуваат фирмите „Фарма трејд“ со 3.5 милиони евра, „Промедика“, 1.9 милони евра, „Фармас МН“ 1.4 милиони евра, „Зегин“ 89 илјади евра и фирмата „Хоссам“ 50 илјади евра.

Министерот Филипче кон крајот на минатата година истакна дека со најновиот тендер за набавка на инсулин во однос на претходните тендери од 2012 до 2016 година, државата заштедила 4.3 милиони евра.

Според податоците од системот ,,Електронски набавки”, проценатата вредност на тендерот во 2012 година била 30.913.672 евра со ДДВ, а склучени се договори во висина од 23.289.775 евра со ДДВ. Во 2014 година проценета вредност на тендерот за набавка на инсулин била 24.373.984 евра исто со ДДВ, а склучени се договори во вредност од 22.057.907 евра. Во 2016 година проценета вредност на тендерот е 22.464.228 евра, а склучени договори во висина од 18.970.693 евра.

Минатата година Mинистерството за здравство намерно или ненамерно неколку месеци задоцни со објавувањето на новиот тендер за набавка на инсулин. Во меѓувреме инсулинските аптеки останаа празни, а дијабетичарите без неопходната терапија. Лицата со дијабетес беа принудени да позајмуваат инсулин и ленти за мерење шеќер, еден од друг за да го покријат месецот. Министерството неколку пати набавуваше инсулин без тендер, со договор во четири очи, под изговор дека ситуацијата е алармантна и станува збор за интервентна набавка.
За време на инсулинската криза во 2018 година, министерството за здравство неколкуте договори за интервентна набавка на инсулин ги направи со истите фирми, „Д-р Пановски“ и „Феникс фарм“, кои добија најголем дел од актуелниот тендер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

