Македонија
ФИТР почнува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM
Фондот за иновации и технолошки развој почнува со имплементирање долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап-сектор преку споделување знаења и научени лекции од светски експерти.
Во рамките на новиот серијал вебинари, наречен #FITR CLASSROOM, двапати во месецот глобални експерти од најголемите светски брендови во разни области ќе ги споделуваат своето искуство и препораките. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата „Зум“ (ZOOM).
Првиот интерактивен вебинар е на 25.11.2020 година во 19 часот со Марвин Лијао, поранешен партнер во 500Startups и еден од најеминентните ангел-инвеститори во силиконската долина. Тој ќе се осврне на тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, теми што ќе ве одведат кон подобар и побрз раст. Влезниот маркетинг и продажбата им помагаат на сите видови бизниси да растат подобро, но постојат и особено истакнати тактики, кои може да го катапултираат растот, особено на стартапите.
Марвин има повеќе од 19 години искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој ја води акцелераторската програма во Сан Франциско, а истовремено инвестира и во договори за почетен капитал. Неговите инвестиции се насочени кон дигиталните медиуми, рекламни технологии, маркетинг облаци, е-трговија и мобилни стартапи во целиот свет. Претходно тој имаше извршна функција во „Јаху!“ повеќе од 10 години.
Повеќе информации за вебинарот и начинот на пријавување на официјалниот фејсбук-профил на ФИТР. Следниот вебинар ќе биде на 9 декември на тема „Брендирање на вработените, т.е. employee branding со претставник од „Фејсбук“. Ова е само првата од повеќето иницијативи на ФИТР во следниот период, со кои Фондот ќе инвестира во знаењето на македонските претприемачи и стартап-заедницата како придонес за нивен раст и дополнителен развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

