Македонија
Фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го поздрави позитивниот моментум меѓу Бугарија и Македонија, по денешните состаноци во Софија.
„Тоа доведе до почеток на процесот на пристапни преговори со Северна Македонија. Сега, исто така, тоа може да води до добра соработка за доброто на луѓето, на пример за енергијата“, напиша Фон дер Лајен на профил на „Твитер“.
I welcome the positive momentum between Bulgaria & North Macedonia.
It led to the start of the accession negotiations process for ????????
Now it can also lead to a good cooperation across the board for the benefit of ???????????????? people, for example on energy.@PresidentOfBg @SPendarovski pic.twitter.com/EhqEdUHddR
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 1, 2022
Фон дер Лајден денеска оствари трилатерална средба со претседателите на Македонија и на Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.
На средбата, меѓудругото, стана збор и за можноста Македонија да набавува струја од Бугарија, по што Пендаровски изјави дека има подготвеност од бугарска страна да помогне во снабдувањето со електрична енергија, низ компензациските, односно таканаречените солидарни фондови.
Денес во Софија во употреба беше пуштен гасниот интерконектор меѓу Грција и Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

