Македонија
Хакерски напад на Инспекторатот за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека синоќа биле цел на хакерски напад.
Од инспекторатот хакерскиот напад го оценија како притисок врз нивната работа.
„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Угостителите работат по протоколи што се сосема доволни да се спречи ширењето на болеста

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска зборуваше за засилувањето на мерките со цел заштита од понатамошно проширување на коронавирусот.
Претходно, министерот најави дека по предлог на Комисијата за заразни болести до Главниот координативен кризен штаб предложил воведување полициски час, почнувајќи од среда, во периодот од 22 до 5 часот наутро.
Филипче во изјавата истакна дека мерките кои во моментов важат во угостителските објекти се доволни и ги повика инспекторатите да ги употребат зголемените ингеренции и почесто да вршат контрола за почитување на протоколите.
„Во угостителските објекти има протоколи и сè што треба е само да се почитуваат, а инспекторатите, свесни сме дека се нон стоп на терен и дека е голем притисокот, но ги повикувам колку може таа работа да се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не. Угостителските објекти работат со протоколи, сосем доволни во својство на стандардните принципи за да се спречи ширењето на болеста, така што ова е сега мерка, ќе видиме каков резултат ќе има, има слободни болнички капацитети и во моментов ситуацијата не е критична и ризична, но секако не сакаме да стигнеме до таму“, изјави министерот.
Според него, во болниците се исполнуваат инфективните одделенија, но сепак нема нагол раст како што беше на почетокот на месец ноември минатата година.
„Во моментов е тешко да се процени дали и колку ќе биде силен бранот којшто сега се јавува во смисла на зголемени новодијагностицирани случаи“, посочи Филипче.
Македонија
Груби: Еманципацијата на жената почнува со еманципација на нејзиниот сопруг

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, по повод Денот на жената, оствари средба со претставничките на сите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.
Груби се осврна на прашања поврзани од светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземат за да се надминат празнините што се уште постојат, информираат од неговиот кабинет.
„Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа-Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество“, нагласил првиот вицепремиер.
Груби за време на средбата, меѓу другото, им кажал на присутните дека еманципацијата на жената започнува со еманципацијата на нејзиниот сопруг и дека не само денес, на 8 март, туку систематски и секој ден треба да се почитува напорот на жените.
На средбата сите заедно се согласиле дека е од особено значење да се запаметат делата на успешните жени со цел да се зајакне влијанието на жените во нашето општество, а токму тоа е важноста на одбележувањето на 8 Март.
Македонија
Попуст на здравствено осигурување за бременост од Кроација осигурување

Кроација осигурување на сите идни мајки им го честита Меѓународниот ден на жената, 8 Март со посебно создадената понуда за безгрижно и спокојно поминување на бременоста. Со секоја полиса за здравствено осигурување CroCare купена на 8 Март или секој ден до крајот на месецот, што опфаќа Договор лојалност за бременост, се добива 10% попуст на премијата за основниот избран пакет. Ова се однесува на целиот период од времетраење на договорот.
Кроација осигурување ја има најраспространета мрежа на приватни здравствени установи, долгогодишно искуство и знаење во осигурителниот бизнис, со што на идните мајки им овозможува сигурност и лесна достапност до потребната здравствена услуга.
Осигурувањето на бременост од Кроација осигурување може да се склучи во кој било период од бременоста, а полисата опфаќа покритие за трошоци за сите медицински индицирани прегледи во текот на бременост, за трошоци за спонтано породување и трошоци за породување со царски рез.
(ПР текст)
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“