Македонија
Хелсиншки комитет: Смртта на работник во Куманово е најнов доказ дека недостасуваат обуки за безбедност

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) поднесе кривична пријава против работодавач за несреќа при работа со смртни последици, на локација во Куманово, информираат од Хелсиншкиот комитет од каде посочуваат дека активно ја следат ситуацијата во областа на безбедноста и здравјето при работа.
„Континуирано бараме информации од ДИТ за регистрираните случаи на повреди при работа. Ова е втор случај, за кој Инспекторатот нè извести дека е поднесена кривична пријава против работодавач врз истите основи: неизвршени здравствени прегледи и неспроведување соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа“, се наведува во соопштението на Хелсиншки.
Од таму додаваат дека недостигот на обука е честа причина за несреќи на работното место.
Таков е и споменатиот случај со кобни последици врз 22-годишниот А.Д, општ работник во фирма од Скопје, што била ангажирана како изведувач на работи во фабрика од Куманово.
Според Хелсиншкиот комитет, неупатеноста на работникот во однос на безбедносните ризици на работното место, се согледува и во описот на овој случај за кој информирал Државниот инспекторат за труд во Куманово:
„По завршената работа, одговорното лице му кажало на сега починатиот да го собере алатот со кој работеле… работникот сакал да го собере продолжниот кабел, кој го користеле за време на работа, а кој бил со должина од 50 метри… откако видел дека кабелот бил заглавен под конструкцијата на производната хала, се качил по конструкцијата на халата, а не по скалите кои биле за таа намена. Го ослободил продолжниот кабел и сакал пак да се спушти по истиот пат од каде се качил, но во тој момент најверојатно ги фатил водовите од електричната струја кои служеле за напојување со струја на крановите, кои биле во халата, при што паднал на земја од висина од пет метри и починал на самото место“, се вели во соопштението за настанот.
Според Хелсиншкиот комитет, како дополнување на веќевоспоставените мерки за спречување и контролирање на штетите и ризиците при работа, потребно е да се развијат и применуваат нови стратегии и решенија за заштита на работниците.
Од таму изразуваат надеж и дека поднесувањето кривични пријави од страна на ДИТ за несреќите при работа со фатални последици, ќе претставува значаен чекор во превенција на идни трагични инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Затворен угостителски објект во Куманово, работел по дозволеното време

Инспекторите затворија угостителски објект во Куманово кој работел после 18 часот, а во него биле затекнати и гости.
Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ во Куманово. При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово.
Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Македонија
Казнети 230 возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење

Полицијата вчера казнила 230 возачи во Скопје, од кои 42 за брзо возење, а 36 затоа што немале возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.1.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење мобилен телефон.
Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на црвено светло, 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни од тестирани во споредба со претходната недела, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Во истиот период е забележано зголемување на бројот на оздравени лица за разлика од претходната недела.
Од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111 лица, со зголемување од 8,4 % во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 града во државата со намалување од 3,0 % во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи е од Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19 %, просечно 16 %, што претставува намалување од 3 % во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години.
По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7 % повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8 % во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, 3 лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира