Контакт

Македонија

Хрватска поддршка за членство во евро-атлантското семејство

Објавено пред

По покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во официјална посета на земјава престојуваше потпретседателот на владата и министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Марија Пејчиновиќ-Буриќ. Министерката Буриќ ја реафирмира силната поддршка на Република Хрватска и изрази надеж дека земјава набргу ќе ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка во разни области меѓу двете пријателски држави ќе продолжи, а воедно ќе се работи и на унапредување на економската соработка, со можност за заеднички настап на македонските и хрватските компании на трети пазари. На средбите се разговараше и за процесот на пристапување на земјава кон јонско-јадранската иницијатива.

„Оваа посета доаѓа во време што за нас е многу значајно и оттаму исклучително сме благодарни на поддршката што ја добиваме од Хрватска. Ни требаат вашите совети и вашата мудрост. Од членството во евро-атлантското семејство најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, но и регионот и Европа“, изјави Димитров. Ова беше прва официјална посета на земјава од страна на хрватски министер за надворешни работи по подолг период, а се очекува и министерот Димитров да оствари возвратна официјална посета на Хрватска.

Македонија

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Објавено пред

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за него се бара мерка притвор, изјави за „Макфакс“ адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски.

„Можеби тој ќе понуди патна исправа или гаранција. Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања“, вели Апостолски.

Адвокатот додаде дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор.

Претходно денеска на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, Кривичниот совет му определи 30-дневен притвор. Вечерва тој беше спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Објавено пред

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат извори од СЈО за „Макафакс“.

Кривичниот совет попладнево на Мијалков му ја одредил мерката притвор од 30 дена.

Од СЈО велат дека Мијалков бил приведен по нивно барање, како мерка на претпазливост за случајот „Таргет-Тврдина“.

Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на експремиерот Никола Груевски. Претходно приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе се основа туристичка развојна зона – Матка

Објавено пред

На предлог на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Владата ја разгледа Информацијата за основање на туристичка развојна зона – Матка, општина Сарај.

„Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да организира состанок со Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Сарај и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со цел да се интензивира постапката за основање на туристичка развојна зона во општина Сарај“, соопшти владината прес-служба по редовната седница на Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија2 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија3 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized6 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија6 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски7 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија7 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски7 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија10 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет11 час

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија11 час

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“11 час

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски12 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски12 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа13 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија13 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија14 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие