Македонија
Царовска во посета на првите лица коишто излегоа од Заводот за рехабилитација „Бања Банско“

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Парот Фанка Динова и Јонче Гогов од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени во Заводот уште како деца и во него поминале повеќе од триесет години.
„Посебно се радувам што процесот на деинституционализација со кој изминатиот период беа опфатени само децата згрижени во институции, сега се спроведува и за повозрасните лица. Нашите заложби се во следните три години повеќе да нема лица сместени во институции и тие да станат дел од општетсвото, да живеат самостојно во заедницата со соодветна поддршка за што веќе развиваме сервиси на локално нивно“, рече министерката Царовска.
Делот од семејната куќа на Фанка беше реконструиран со финансиска поддршка од шведската фондација „Лоза“ и е обезбедена целосна пристапност. МТСП и агенцијата UN Women обезбедија личен асистент за поддршка на Фанка и Јонче во секојдневниот живот.
Во следниот период заводот „Бања Банско“ треба да го напуштат уште седумина возрасни користници кои ги прават последните подготовки за преселба. До крајот на летото тие ќе се вселат во четири станови во државна сопственост во Струмица. Нивните нови домови се целосно прилагодени, пристапини и опремени. Државата ќе обезбеди и лична асистенција и поддршка според потребите за да го поттикне вклучувањето на овие лица во заедницата.
Истовремено, се прават подготовки за преселба на сите седум деца под 18-годишна возраст од „Бања Банско“ во групен дом во заедницата.
Сите активности се прават согласно Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“ 2018-2027 и претставуваат премин од досегашниот застарен систем за социјална заштита заснован на „безлични“ институции, кон современ систем за поддршка и грижа во заедницата. Процесот на деинституционализација целосно ги почитува човековите права и ги зајакнува корисниците со што го поттикнува нивното активно учество во животот на заедницата и општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.