Македонија
Царовска: Имплементирањето на новата концепција ќе се прави постепено во следните 6 години

Денеска завршува периодот на доставување на коментарите за предложената нацрт-концепција за основно образование по електронска пошта, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со директорите на училиштата на којашто беше дадена целосна поддршка на спроведувањето на реформите.
„Најголемиот дел од коментарите се однесуваат на тоа дека треба да забавиме со реформите. Секако сметаме дека се движиме полека, затоа што имплементирањето на оваа концепција според она што го предлагаме ќе се случува во наредните 6 години. Односно влегуваме само во прво и во четврто одделение во наредната година и сукцесивно ќе се додава година по година и тоа е најблагиот пристап којшто го преземаме во воведување на реформите“, рече Царовска.
Директорите на училиштата на средбата ја искажаа потребата од имплементација на новата концепција и посочија дека со неа ќе се даде новина во системот на образование и ќе внесе освежување на системот за образование, но исто така ќе даде можност за квалитетна обука на наставниот кадар и осовременување на наставните програми, што ни е неопходно за да можеме да имаме добри резултати во образованието.
Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група овој тип на дебати ги продолжуваат и наредниот период и со наставниците и со граѓанските организации и со претставници на Академијата на науки и уметности во нашата држава. Дебати ќе бидат организирани и со други засегнати страни и други универзитетски професори коишто можеби имаат сугестии во врска со концепцијата, соопшти Министерство за образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина.
„Станува збор за 100.000 дози и преку претставници од Руската амбасада, ќе се обидеме да добиеме информации кога поточно би пристигнале во нашата земја“, рече Филипче.
Тој најави дека во следните денови ќе ги има конкретните датуми.
За кинеските вакцини, Филипче рече дека се надева оти деновиве ќе го имаат и конкретниот датум кога тие ќе пристигнат во земјава.
Македонија
Со британскиот сој се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот сој на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница Жан Митрев, кои денеска ги соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Испитувањата на МАНУ се во тек и регистрирано е зголемување на бројот на заболени во земјата, истакна министерот.
Филипче не ја офрли можноста понатаму да бидат воведени нови рестрикции, но смета дека во моментов не се потребни.
Во моментов, како што нагласи, има слободни болнички кревети во ковид-центрите.
Македонија
Захариева: Нема да поглегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.
Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.
„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние и’ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година“, рече Захариева, потсетувајќи на почитување на Договорот за добрососедство и неопходноста од напредок во дијалогот.
Таа рече дека никој, вклучувајќи ги и САД, не може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, доколку не се исполнети условите.
Захариева вчера оствари средба со министерот Бујар Османи во Софија, каде што разговараа за акцискиот план. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување соодветни услови.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер