Македонија
Царовска: Креираме политики за инклузивност, разликите се квалитет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/IMG_4205.jpg)
Во ООУ„ 25 Мај“ во скопската општина Гази Баба отворена Сензорна соба.
Министерката за образование, Мила Царовска, посочи дека Сензорната соба дава можност за подобар квалитет на учењето кај учениците со атипичен развој, но притоа не само за нив, туку и за сите ученици кои имаат потреба за користење на вакви дополнителни ресурси во училиштето. Според неа инклузивно образование, инклузивни училишта значат и квалитетно образование, образование во коешто децата знаат да се препознаваат во своите разлики и тие да ги истакнуваат како квалитет, наспроти можноста за дискриминација.
Училиштата, напомена Царовска, треба да станат центар на заедниците, како што тоа е пример во општината Гази Баба, каде со заеднички средства од реалниот сектор, Министерството, Владата се вложува во образованието.
„Како Влада сме посветени да креираме политики коишто значат инклузивност. Тоа го гарантира новата концепција за основно образование, тоа го гарантира и новиот закон за учебници, којшто за првпат препознава аудиоверзија од сите учебници коишто треба да се воведат и исто така учебници коишто се изготвени на Брајово писмо за да можат учениците со оштетен вид да ги користат учебниците, што не беше пракса до денеска“, потенцира Царовска, напоменувајќи дека е значајно за граѓаните да знаат дека овој пристап на нов тип на учебници се воведува сукцесивно.
„Следната година само во четврто одделение ќе имаме дигитални учебници, затоа што нашиот модел којшто го нудиме е комбиниран и овозможува различнитe потреби на учениците да ги пресретнеме со различен или поинаков тип на учебници“, додаде Царовска.
Градоначалникот Гази Баба Борис Георгиевски, напомена дека сензорната соба во ООУ „25 Мај“, е опремена со сите наставни помагала за инклузија на децата со посебни образовни потреби.
Георгиевски истакна дека е започната изградбата на Центарот за сензорна интеграција во населбата Железара, во кој ќе бидат згрижени децата со посебни образовни потреби од основните училишта и градинките од општината, а се работи и на целосна имплементација на стратегијата за инклузивно образование во основните училишта во Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.