Македонија
Царовска: Реформата на основното образование е насочена кон зголемување на дигиталната писменост
Основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти победи на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микробит“. Натпреварот го организираше Британскиот совет во соработка со Министерството за образование и наука, како дел од програмата „Училишта на 21 век“. Учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски го изготвија проектот наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, под менторство на наставникот Ристо Коларовски. Второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с. Радолишта, Струга, со проектот „Класификација на отпадот со употреба на микробит“, а третото место му припадна на училиштето „Страшо Пинџур“ од Карбинци кое го изготви проектот „И смарт и спорт (паметна употреба на паметни уреди)“.
Министерка за образование и наука, Мила Царовска, обраќајќи се на учесниците на натпреварот, рече дека досега 65% од училиштата се опремени со микробит-уреди.
„Ако успееме микробит-уредот да се воспостави како задолжителна настава за сите, во самиот курикулум, и да го користат сите училишта во различни предмети, согласно реформата што се подготвува за концепцијата во основното образование, тогаш како држава ќе може да се пофалиме дека веројатно во наредните 10 години ќе имаме многу повеќе дигитално писмено население“, истакна Царовска.
Натпреварувачите ги поздрави и британската амбасадорка Рејчел Галовеј, посочувајќи дека дигитализацијата е процес во кој наставниците учат заедно со своите ученици.
Во последната фаза од натпреварот се квалификуваа 9 основни училишта од државата. Учениците и нивните ментори имаа задача да изготват проекти кои ќе понудат решенија за некои секојдневни проблеми од нивното опкружување. Сите фази од натпреварот, вклучително пријавувањето, почетната оценка на проектите и самиот настан, се одвиваа онлајн.
За да бидат успешни, покрај вештините за кодирање, училишните тимовите ги користеа и нивните вештини за решавање проблеми и критичко размислување. За да се квалификуваат успешно за натпреварот, тие ги усовршија нивните вештини за презентирање и создавање видеа.
Програмата „Училишта на 21 век“ е финансирана од Владата на Обединетото Кралство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

